Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Медиасет.мк
пред 2 седмици
media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F
Photo by Briana Tozour on Unsplash

Додека многумина во шеесеттите години размислуваат за пензионирање и помирен живот, 62-годишната Бриџит Рајс од Велика Британија решила да започне сосема ново поглавје. Ја продала својата куќа, ја напуштила работата и тргнала на патување низ светот. За три години посетила 15 земји и потрошила околу 70.000 евра, а денес вели дека не би ја променила својата одлука.

Желбата за промена се појавила за време на одмор во Тунис. Во тоа време, Рајс работела како оперативна менаџерка во хотелскиот сектор, но помислата дека треба да работи уште осум или девет години не ѝ се допаѓала.

„Имав лоша работа, бев целосно исцрпена, а хипотеката ќе ја отплатев дури на 70 години. Тоа, во суштина, ја одреди мојата судбина“, се присетува таа.

Непосредно пред да наполни 60 години, ја продала куќата во близина на Бат, во областа Сомерсет, за речиси 500.000 евра и дала отказ. Наскоро потоа, како што раскажува, со широка насмевка трчала низ аеродромот, подготвена за нови авантури.

На почетокот патувала со пријателка, но кога пристигнале во Шри Ланка, таа сфатила дека животот на пат не е за неа. Рајс тогаш морала да одлучи дали ќе се врати со неа или ќе продолжи сама.

„Имав избор – да заминам со неа или да продолжам сама. Но, не бев подготвена да се откажам“, вели Британката.

Така започнала да патува сама и досега посетила повеќе земји, меѓу кои Грција, Шпанија, Франција, Турција, Египет, Шри Ланка, Тајланд, Виетнам, Камбоџа и Сингапур.

Според неа, патувањата ѝ овозможиле поинаку да се погледне себеси и да се ослободи од секојдневните улоги што ги има дома.

„Кога патувате, општествените улоги привремено исчезнуваат. Дома сте мајка, партнерка или вработена. На пат тие ознаки исчезнуваат и почнувате вистински да бидете свои“, објаснува таа.

Во моментов живее од парите добиени од продажбата на куќата, а вели дека во тоа ѝ помогнал и биткоинот. Дополнително, животот во Југоисточна Азија е значително поевтин отколку во Велика Британија.

„Во Виетнам или Тајланд можам да живеам за околу 250 евра, вклучувајќи ги сите трошоци“, вели Рајс.

Неодамна се вратила во Велика Британија за да го посети семејството, но не планира долго да остане. Нејзината следна цел е повторно да замине за Тајланд.

Таа не се оптоварува премногу со тоа како ќе изгледа нејзиниот живот во подоцнежните години.

„Можеби еден ден ќе бидам осумдесетгодишна жена што живее во камп-приколка, но за тоа ќе размислувам кога ќе дојде време“, вели Бриџит, која и понатаму сака да го истражува светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 3 дена

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Планирале одмор на Бахамите, а завршија во Канада: Крузерот ја промени дестинацијата поради невреме

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања