Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Најголемиот „League of Legends“ турнир повторно во САД, T1 брка четврта титула по ред

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryrt1o4mtgevfv0ksLI9a
Vladimir Srajber Pexels

По четири години пауза, најголемиот турнир во „League of Legends“ повторно се враќа во САД. Светското првенство „Worlds 2026“ ќе се одржи од 15 октомври до 14 ноември, кога најдобрите професионални екипи од целиот свет ќе се борат за најпрестижниот трофеј во еспортот.

Овогодишното издание ќе се одржи во Тексас и Њујорк. Плеј-ин фазата, „Swiss“ фазата и плеј-офот ќе се играат во градот Ален, во Тексас, додека големото финале е предвидено во Њујорк. Точните локации за одделните фази дополнително ќе бидат објавени.

Последното „Worlds“ во САД се одржа во 2022 година, а турнирот тогаш се играше во Мексико Сити, Њујорк, Торонто и Сан Франциско. Шампион беше DRX, кој во големото финале го совлада T1 со 3:2.

Најуспешна екипа во историјата на „Worlds“ е T1 со шест титули. И кај играчите рекордот го држи легендарниот Факер, кој исто така има шест освоени светски титули.

Останува да се види дали T1 ќе успее да ја продолжи доминацијата и да стигне до четвртиот трофеј по ред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Користите ChatGPT за финансии? Овие податоци никогаш не смеете да ги споделувате

Технологија | пред 7 часа

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 8 часа

igrice

Играчите на Steam сè повеќе избираат 16 GB RAM, Intel повторно му бега на AMD

Технологија | пред 1 ден

media-libraryogsm52megssjcd1T306

WhatsApp воведува нова контрола на приватноста: ќе избирате кој може да го гледа вашиот број

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања