Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Наместо проба на венчаница – жестока пресметка: Три жени завршија во полиција

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarypm4aj9eublmjfhtgRK1
unsplash

Она што требало да биде обична проба на венчаница во салон во Нант, Франција, се претворило во жесток конфликт меѓу сопственичката на салонот и две клиентки, по што сите три жени биле приведени.

Младата невеста минатата недела дошла во салонот со својата мајка за да проба венчаница. Сепак, меѓу нив и сопственичката веќе постоела напнатост поради претходно поместување на терминот за проба. Незадоволните клиентки оставиле и коментари на социјалните мрежи, што дополнително ја влошило ситуацијата.

За време на пробата дошло до ескалација. Според сведоци, сопственичката во едната рака држела метална шипка за закачување облека, а во другата ножици, додека расправијата прераснала во физички конфликт.

Полицијата интервенирала на местото, а во инцидентот немало потешко повредени лица. Сепак, целиот настан бил снимен, а и сопственичката и двете клиентки поднеле пријави.

Сите три жени ја поминале ноќта во полициска станица. Следниот ден, Обвинителството во Нант побарало тие да бидат ослободени и одлучило случајот да биде упатен на кривична медијација, постапка преку која страните можат да го решат спорот без започнување судска постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 15 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 16 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 16 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања