Connect with us

#ФАЦИ

Нашата кометалка остави длабоки траги во македонскиот женски ракомет: Трифун Костовски се прости од Јулија Портјанко

По веста за нендејната смрт на ракометната репрезентативка Јулија Портјанко, која почна вчера на 38 години, од неа се прости Трифун Костовски. Некогаш првиот човек на Кометл Ѓорче Петров изрази сочувство до семејствата Николиќ и Портјанко.

„Најдлабоко сочуство до семејстваата за предвремено заминување од овој свет на нашата Кометалка Јулија Портјанко која со својата игра посветеност и борбеност, остави длабоки траги во македонскиот женски ракомет. Љубовта кон овој спорт и љубовта кон Македонија се дел од нејзиниот краток животен пат.
Јулија почивај во мир. Вечно ќе останеш запаметена во македонската спортска историја и во нашите сеќавања“ напиша Костовски.

Почина ракометната репрезентативка Јулија Партенко, која играше за Кометал и за Вардар


Ќе ви се допадне

Website https://animetv.cc: Watch Happy Happy Clover animetv Episode 13 famous anime tv shows

4Anime: 91 Days: Brief Candle (Dub) anime episode Full online free at https://4anime.biz toilet bound hanako kun 4anime

Website https://twistmoe.net: Watch Onihei: Sono Otoko, Heizou Hasegawa twistmoe Episode Preview twist.moe

Website https://animeheaven.pro: Watch Gall Force: Earth Chapter animeheaven Episode 3 toradora anime heaven

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Забавата може да почне, вели Дејан Манасков по операцијата на коленото

Крилото на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, успешно го оперираше коленото во приватна клиника во Скопје, откако пред две недели се повреди на натпревар на „Веспрем“. Манасков тогаш ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а му беа оштетени и страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата.

„Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Благодарам за сите ваши пораки со поддршка изминативе две недели. Забавата може да почне, а ние се гледаме наскоро. Ве сакам сите“, напиша ракометарот.

Поради повредата, Манасков најверојатно нема да настапи на Светското првенство во ракомет во јануари догодина.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Фото) Игор возбуден: Илина ми се враќа дома

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави дека неговата девојка, Илина Арсова, се враќа од Еквадор каде ги освојуваше тамошните врвови. Алпинистката по речиси два месеци се враќа во Македонија.

„И шо викаш, се враќаш набргу? Ил сос мен се подиграваш?“

Тој сподели и Инстаграм стори од Илина со маска испишана со неговото име.  „Леси се враќа дома“, вели Џамбазов.

Парот ја започна врската за време на карантинот, лани, и оттогаш постојано објавуваат заеднички фотографии и спомени. Пред речиси два месеци, алпинистката се искачи на еден од највисоки активни вулкани во светот, Котопакси.

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“, рече тогаш Илина и им се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим.

За потсетување, Илина е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антартик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

(Галерија) „Во Македонија сум кралица на планините, но, тука уште учам“, Илина Арсова во Еквадор го искачува еден од највисоките активни вулкани Котопакси



Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Петар Богатиновски e првиот Македонец кој ќе вози на Светското првенство во картинг

Петар Богатиновски (12) е првиот Македонец кој некогаш се квалификувал за светско првенство во картинг, откако победи во Централна Европска Зона. Со освојување на титулата во ЦЕЗ, тој обезбеди учество на светското големо финале во Бахреин, кое ќе се одржи од 11 – 18 Декември оваа година.

Веста за неговиот успех ја сподели и претседателот на држвата, Стево Пендаровски, на својот официјален Фејсбук профил.

„Петар Богатиновски со победата во Централна Европска Зона – CEZ, е првиот Македонец којшто се квалификуваше за светското првенство во Бахреин во декември годинава. Поддршка за Петар!“, стои во неговата објава.

 

На финалето ќе учествуваат сите светски шампиони, вклучувајќи го и Петар, каде ќе имаат можност да добијат картингзи и мотори по пат на лотарија од страна на организаторите.

Богатиновски покрај освоената титула во ЦЕЗ (Централна Европска Зона),тој воедно учествуваше и во ССК (Спорт Стил Куп), каде исто така ја освои титулата.

Богатиновски во 2018 година ја освои вицешампионската титула во Централно Европската зона, а покрај тоа овие награди, има освоено пет трофеи. Од кои три во српскиот и два во македонскиот шампионат.

фото: официјалниот Фејсбук профил на претседателот Стево Пендаровски

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: