Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Натали Портман стана мајка по третпат: Доби дете со францускиот музичар Танги Дестабл

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryh6tchu0cvc5d3m9eEeT

Актерката Натали Портман (45) стана мајка по третпат, откако со францускиот музичар и продуцент Танги Дестабл, познат како Tepr, го доби своето прво заедничко дете.

Веста ја објави магазинот „People“, повикувајќи се на извор според кој бебето е родено минатиот месец во Париз. Полот и името на новороденчето засега не се објавени.

Портман веќе има две деца – 15-годишниот син Алеф и 9-годишната ќерка Амалија, кои ги доби во бракот со кореографот Бенџамин Милепид. Двојката се разведе во 2024 година, по повеќе од една деценија заеднички живот.

Актерката последните години живее во Париз, каде што по разводот ја започна врската со Дестабл. Тие се заедно повеќе од една година.

Портман претходно годинава потврди дека е бремена и отворено зборуваше за своите чувства во врска со бременоста.

„Многу сум благодарна. Знам дека тоа е голема привилегија и чудо“, изјавила таа, додавајќи дека бременоста и родителството носат и убави и тешки моменти.

Во разговор за „Harper's Bazaar“ тогаш навести дека можеби станува збор за нејзината последна бременост.

„Знаејќи дека веројатно е последен пат, уживам во секој момент“, рекла Портман.

Актерката приватниот живот и децата главно ги држи подалеку од јавноста, па засега не е познато дали ќе објави фотографии од новороденчето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 20 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 1 ден

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања