Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

„Не сум подготвена да се вратам дома“ - aстронаутите фасцинирани од Месечината

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-libraryf847fjq6fm3a1OwkcMI

Астронаутите од мисијата Artemis II NASA mission споделија силни емоции и впечатоци по историскиот прелет покрај Месечината, истакнувајќи дека искуството целосно им ја променило перцепцијата за вселената и Земјата.

Во разговор со администраторот на NASA, Џаред Ајзакман, членовите на екипажот говореа за моментите кога одблиску ја виделе Месечината.

Канадскиот астронаут Џереми Хансен ја опиша глетката од далечната страна на Месечината како нешто што не може да се спореди со ништо на Земјата.

„Кога се наоѓате на другата страна и гледате кон Земјата, јасно гледате дека е сфера. Имате чувство како да не сте во капсула – тоа искуство целосно ви ја менува перцепцијата“, рече Хансен.

Неговата колешка, астронаутката Кристина Кох, истакна дека времето поминало неверојатно брзо, и додаде дека не е подготвена да се врати назад.

„Не сум подготвена да се вратам дома“, изјави Кох.

Мисијата, која веќе влезе во историјата како најдалечно човечко патување од Земјата, не е само технолошки успех, туку и силно човечко искуство што, како што велат астронаутите, остава траен впечаток и нов поглед кон планетата од која доаѓаат.

media-libraryii7cqu8iecap17savKW

„Се гледаме од другата страна“: Драматичен прекин на врската додека „Артемис II“ го минуваше задниот дел на Месечината

Мисијата „Артемис II“ влезе во клучната и најнабљудувана фаза од летот – историски прелет зад „темната“, односно од Земјата невидлива страна на Месечината, при што комуникацијата со екипажот беше очекувано целосно прекината околу 40 минути. Во тие моменти, леталото „Орион“ излезе од дометот на големите антени на Земјата бидејќи лунарната површина го блокираше сигналот.Настанот, кој беше следен во живо во текот на ноќта и утрото, доби дополнителна тежина со тврдењето дека ова е најголемата оддале

Технологија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 41 минута

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања