Connect with us

#ФАЦИ

Не сум слаба, ама богами, имам енергија ко 34 годишна: Ирена Спасовска се фрли на вежбање откако дојде од Египет

Фолк пејачката Ирена Спасовска неодамна се врати од Египет и веднаш почна да вежба. Вели дека тоа ја исполнува и ја прави среќна.

“Тоа што го вложуваме сега ќе ни се врати во подоцнежните години. Или ќе бидеме здрави или ако не вежбаме, ќе се жалиме дека се  боли“, вели Спасовска во разговорот за „Репортер“.

Таа ни се пофали дека одсекогаш била активна. Се едно дали е теретана, фитнес, пилатес. Со короната направила пауза, ама сега се враќа во топ -форма.
“Некој ќе ми си рече, Ирена вежба и пак не е слаба. И точно е тоа, јас не сум слаба и никогаш нема да бидам слаба. И тоа мене не ми е целта. Доволно е да бидам со нормална тежина, а тие 5 килограми кои ми се повеќе да ги држам под контрола. Целта ми е да сум активна и да се чувствувам витално. А, богами имам енергија како да имам 34 години“, ни открива фолк пејачката која веќе подолго време е вегетаријанка и воопшто не јаде ни месо ни риба.

Спасовска беше не одмор во Египет. Откако ги објави фотографиите многумина кометираа дека заминала на летување, а предходно се жалела како музичарите немаат пари.Особено затоа што таа беше меѓу најгласните кои инсистираа на парична помош од Владата.
„Јас пејам 30 год и ако неможам да си дозволам одмор во Египет тогаш тоа би било смешно.Секој нека си го гледа својот џеб и нека не го интересира туѓиот. И јас може сакам да имам јахта па немам, ама тоа не ми дава дава за право да плукам по тие што заработиле и имаат. Така да не ме интересира кој што зборува“, вели фолк-пејачката за Репортер. 

Во разговорот ни откри дека често за себе слуша комнтари дека има правено естетски корекции на лицето. “Морам да ги разочарам хејтерчињата кои пишуваат дека сум пластична. За среќа немам никаква интервенција на лицето освен устата пред 17 години. Сите ме прашуваат што правам со лицето што немам брчки. Веројатно тоа е од добра нега, хидратација, а можеби и затоа што сум вегетеријанка, вежбам, возам велосипед. По природа сум весела, духот ми е многу млад и целиот тој склоп ме прави да изгледам помладо“, открива фолк пејачката.

Ирена ни откри дека пред 10 дена ја оформииле музичката комора на музичарите и музички дејности.

“ Јас и други колеги сме членови на комората и во централниот одбор и пред нас е период на работа. Допрва ќе се донесат решенија кои ги засегаат музичките работници“, вели фолк пејачката.

А.Георгиев 

 

 

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ѓоко Јовиќ четврти пат стана татко: Уште едно машко за фолк-пејачот

Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ стана татко четврти пат, а неговата сопруга Ивана роди син. Веста дека Ивана се породила, пејачот ја сподели на Фејсбук.

„Денес нашиот дом повторно блесна со среќа, насмевка и љубов затоа што Бог ни подари уште едно ангелче во нашето семејство. Мојата сопруга Ивана ми роди син. Нека е жив и здрав, благословен и благослови да дели“, вели Ѓоко.

Ѓоко и Ивана веќе ги имаат ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Забавата може да почне, вели Дејан Манасков по операцијата на коленото

Крилото на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, успешно го оперираше коленото во приватна клиника во Скопје, откако пред две недели се повреди на натпревар на „Веспрем“. Манасков тогаш ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а му беа оштетени и страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата.

„Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Благодарам за сите ваши пораки со поддршка изминативе две недели. Забавата може да почне, а ние се гледаме наскоро. Ве сакам сите“, напиша ракометарот.

Поради повредата, Манасков најверојатно нема да настапи на Светското првенство во ракомет во јануари догодина.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Фото) Игор возбуден: Илина ми се враќа дома

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави дека неговата девојка, Илина Арсова, се враќа од Еквадор каде ги освојуваше тамошните врвови. Алпинистката по речиси два месеци се враќа во Македонија.

„И шо викаш, се враќаш набргу? Ил сос мен се подиграваш?“

Тој сподели и Инстаграм стори од Илина со маска испишана со неговото име.  „Леси се враќа дома“, вели Џамбазов.

Парот ја започна врската за време на карантинот, лани, и оттогаш постојано објавуваат заеднички фотографии и спомени. Пред речиси два месеци, алпинистката се искачи на еден од највисоки активни вулкани во светот, Котопакси.

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“, рече тогаш Илина и им се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим.

За потсетување, Илина е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антартик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

(Галерија) „Во Македонија сум кралица на планините, но, тука уште учам“, Илина Арсова во Еквадор го искачува еден од највисоките активни вулкани Котопакси



Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: