Медиасет.мк logo
Промени тема
Во живо Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Не знаев дали Мина ќе се разбуди од кома, „Богот на колежот“ е одговор на насилствата кои ги преживеав, вели Петрушевска

Медиасет.мк
пред 1 година
vesna-petrus

„Оваа 2024 беше најтешка од најтешките и најкреативна од најкреативните“, напиша актерката Весна Петрушевска, која објави дека во изминатиот период, додека работела на претставата „Богот на колежот“, имала тешки моменти со нејзината ќерка Мина која е во Дубаи.

„Мојата премиера на „Богот на колежот“ на 24 декември во МНТ доаѓа како одговор на сите насилства кои ги преживеав, на сите одлични одлуки кои ги донесов за да прекинам со лоши и токсични луѓе, за мојата борба со ракот и сега кога врват пробите никоја не забележа затоа што театарот е сурова и прекрасна уметност, на мојата најголема љубов Мина ѝ се случи она што на ниту еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не. Моника Милков е повеќе од моја ќерка и сестра на Мина и ја спаси.

Снимав спот за претставата со Игор Џамбазов во моменти во кои не можев да стојам на нозе, а истерав до крај. Имам огромна поддршка од мојата екипа. Без оваа претстава немаше да преживеам сигурно. Едвај чекам да дојде Мина и ќе биде со големи букви посветена оваа претстава на мојата хероина.

Со татко ми велевме дека ако немаш судбина, немаш живот. Денес се три години како го нема, тато мислам дека нè чуваш од горе...“, напиша Петрушевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 1 час

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 2 часа

IMG_0960

Каде најмногу патуваат Европјаните? Овие пет градови се на врвот на листата

Патувања | пред 4 часа

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања