Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

„Нетфликс“ подготвува документарец за Метју Пери: за првпат ќе бидат откриени детали од неговиот живот

Медиасет.мк
пред 1 месец
metju-peri-960x639-1

„Нетфликс“ најави нова документарна серија во три дела за животот и наследството на Метју Пери, актерот кој светската слава ја стекна со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“. Премиерата на „The One About Matthew Perry“ е закажана за 27 октомври, три години по неговата смрт.

Документарната серија ќе го прикаже неговиот пат до славата, но и тешките моменти од приватниот живот и долгогодишната борба со зависноста. Приказната ќе биде раскажана преку сеќавањата на неговото семејство и најблиските пријатели, а ќе бидат прикажани и досега необјавени фотографии и снимки од семејната архива.

Неговата помлада сестра Миа Пери Бовик за првпат јавно ќе зборува за братот со цел, како што вели, да го прикаже како целосна личност, а не само како Чендлер или човек кој се борел со зависност.

„Сакав да покажам како беше да се сака Метју со сите сложености на неговиот живот“, изјавила таа.

Серијата ја режира добитничката на „Еми“ Мери Робертсон, која го опишала Пери како еден од најголемите комичарски таленти на својата генерација. Таа посочила дека јавноста ја знаела само делумно неговата приказна, иако актерот отворено зборувал за зависноста.

Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст. Како причина за смртта биле наведени акутните ефекти од кетамин. Актерот во текот на животот отворено зборуваше за борбата со зависноста и откри дека 15 пати бил на рехабилитација.

По неговата смрт, семејството и пријателите ја основаа фондацијата „Matthew Perry House“ во Канада, која има цел да го зачува неговото наследство и да им помогне на луѓето кои се борат со зависност.

Документарната серија „The One About Matthew Perry“ на „Нетфликс“ ќе биде достапна од 27 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

media-library9s7sf0om7atjcRFPX5R

Најлошите филмови во кариерата на познатите холивудски актери

Филм | пред 3 дена

media-librarykijvavuogcludxuXRzl

Брус Вилис го советувал Бен Афлек да одбие филм што освои седум „Оскари“

Филм | пред 5 дена

media-libraryeoq6ppfns9o4bzG2qGi

Шест филмови и серии на Нетфликс што вреди да ги гледате овој викенд

Филм | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања