Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Нетфликс потврди: Доаѓа шеста сезона на серијата „Емили во Париз“

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-libraryb1usa6fnmrrlcftLkNr
YouTube/Print Screen

Обожавателите на популарната серија „Емили во Париз“ (Emily in Paris) имаат причина за радост. Нетфликс во понеделникот, на 5 јануари, потврди дека серијата со Лили Колинс во главната улога ќе добие шеста сезона. Веста доаѓа само неколку недели по премиерата на петтата сезона, која на стриминг-платформата беше објавена на 18 декември.

Нетфликс ја објави новата сезона преку социјалните мрежи, со симпатично видео во кое Колинс ја дува свеќичката во форма на бројот шест, ставена на кроасан. Во објавата стои: „Дом сладок дом, EMILY IN PARIS се враќа со 6. сезона“.

media-librarynsidu1gplscqeZVbv9q
YouTube/Print Screen

Петтата сезона меѓу Топ 10 серии на англиски јазик на Нетфликс

Одлуката за продолжување на серијата не изненадува, имајќи го предвид големиот успех на најновите епизоди. Во првите 11 дена од објавувањето, петтата сезона собра 26,8 милиони прегледи низ целиот свет. Таа се најде на второто место на глобалната Топ 10 листа на Нетфликс за серии на англиски јазик, а истовремено влезе меѓу десетте најгледани во 91 земја. Во 24 земји, меѓу кои и Франција, беше на првото место.

За што станува збор во петтата сезона?

Да потсетиме, петтата сезона ја следеше Емили Купер, на која ѝ се чинеше дека „сè се наместило“ во Италија. Но, како што наведува официјалниот синопсис, „една деловна идеја тргнува наопаку, а последиците се одразуваат на љубовниот живот и на кариерата“. Финалето на сезоната ги остави гледачите во неизвесност: Емили треба да одлучи дали ќе остане во Рим со својот италијански дечко или ќе му се врати на животот во Париз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања