Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

Netflix ја објави листата на најгледани филмови и серии во втората половина од 2025 година

Медиасет.мк
пред 8 месеци
netfliks-960x522-1

Netflix ја објави листата на најгледаните филмови и серии во втората половина од 2025 година, а апсолутен победник е анимираниот хит „K-pop Demon Hunters“, додека кај сериите доминираа „Wednesday“ и „Stranger Things“.

Анимираниот филм „K-pop Demon Hunters“ стана најгледан наслов на Netflix во период од шест месеци, со што дополнително го зацврсти статусот на поп-културен феномен. Според најновиот извештај на Netflix, „What We Watched“, кој дава детален преглед на гледаноста на сите наслови од јули до декември 2025 година, филмот остварил убедливо најдобри резултати.

Во втората половина од годината „K-pop Demon Hunters“ забележал 482 милиони прегледи, при што во таа бројка не се вклучени првите денови по премиерата на 20 јуни. Филмот неодамна освои повеќе Златни глобуси, а како што пишува „Deadline“, сè почесто се споменува и како сериозен кандидат за Оскар.

За споредба, филмот „Happy Gilmore 2“, кој премиерно беше прикажан еден месец подоцна, на 25 јули, до декември на глобално ниво собра 135,1 милион прегледи.

Кога станува збор за сериите, најгледана била втората сезона на серијата „Wednesday“. Нејзиното емитување започна на 6 август, а до крајот на годината оствари 123,9 милиони прегледи. Првата сезона заврши на осмото место со 47 милиони прегледи.

И покрај тоа што имаше многу малку време за собирање прегледи, петтата сезона на „Stranger Things“ се искачи на второто место со 93,5 милиони прегледи. Овој резултат ги опфаќа само првите неколку часа од достапноста на финалето, кое во САД премиерно беше прикажано во новогодишната ноќ. Се очекува серијата да ја задржи високата позиција и во извештајот за првата половина од 2026 година.

Меѓу десетте најгледани серии се најдоа и првите две сезони на „Stranger Things“. Првата сезона го зазеде петтото место со 57 милиони прегледи, додека втората заврши на десеттото место со 45 милиони.

Очекувано, последната сезона на „Squid Game“ оствари многу висока гледаност. Забележителен успех имаше и серијата „Untamed“, која првично беше замислена како мини-серија. Со 92,8 милиони прегледи од премиерата на 17 јули до крајот на годината, таа го зазеде третото место, што беше клучна причина за потврда на втора сезона.

На листата се најде и новото продолжение од серијалот „Monster“ на Рајан Марфи. Серијата „Monster: Приказната за Ед Гин“ го зазеде шестото место со 56 милиони прегледи по премиерата на 3 октомври. Серијата „Шон Комбс: Пресметка“ оствари 50,8 милиони прегледи и заврши на седмото место, иако беше премиерно прикажана дури на 2 декември.

Треба да се има предвид дека овие податоци се однесуваат исклучиво на гледаноста во последните шест месеци од годината и не ја прикажуваат целосната слика за цела 2025 година. Во првата половина од годината најгледани наслови биле „Adolescence“ и „Back in Action“.

Од јули до декември, корисниците на Netflix вкупно изгледале 96 милијарди часови содржина, што е за една милијарда часа повеќе во споредба со првата половина од годината, соопшти стриминг-сервисот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 23 часа

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 1 ден

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 1 ден

media-librarymoih7ksa3kfr8D33op8

Нова голема промена на WhatsApp: Еве каде ќе бидат каналите отсега

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања