Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

„Никој не би се согласил“: „Твич“ и „Амазон“ бесплатно ги користеле стримерите за тренирање вештачка интелигенција

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryhtvu279p8kpq8HPrVJR
Photo by Caspar Camille Rubin on Unsplash

Стример од американската сојузна држава Конектикат поднел колективна тужба против „Амазон“ и „Твич“, обвинувајќи ги компаниите дека без согласност од креаторите го користеле нивниот видео-содржински материјал за тренирање на модели на вештачка интелигенција.

Ворен Пандишија, кој објавува содржини на „Твич“, во тужбата наведува дека компаниите немале добиено лиценца или дозвола за неговите преноси и видеоснимки да ги користат како дел од базата на податоци потребна за развој на производи со вештачка интелигенција на „Амазон“.

Случајот доаѓа откако „Твич“ неодамна воведе можност корисниците да се откажат од користењето на содржината на нивните канали за тренирање генеративни модели на вештачка интелигенција во рамките на „Амазон“. Досега, корисниците требале сами да ја исклучат оваа можност доколку не сакале нивната содржина да биде користена.

Токму ова прашање предизвика дополнително внимание откако Мајк Минтон, извршен директор за производи во „Твич“, за време на редовниот пренос на компанијата „Patch Notes“ бил прашан зошто системот не функционира според принципот на претходно одобрување, односно корисниците активно да се согласат со користењето на нивната содржина.

Минтон одговорил дека, доколку согласноста била поставена како задолжителен услов, „никој не би се согласил“.

Во колективната тужба се тврди дека „Твич“ и „Амазон“ го прекршиле договорот со стримерите со тоа што нивната содржина ја користеле како материјал за обука на комерцијални производи со вештачка интелигенција. Компаниите дополнително се обвинети дека стекнале финансиска корист на сметка на стримерите и дека применувале незаконски, нефер и измамнички практики.

„Амазон“ не е единствената голема технолошка компанија што се соочува со вакви обвинувања. Претходно годинава, тројца јутјубери поднеле колективна тужба против „Епл“, обвинувајќи ја компанијата дека преземала содржини заштитени со авторски права за да ги користи при тренирање на сопствените модели на вештачка интелигенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 7 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања