Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Технологија

„Нинтендо“ го прикажа римејкот на култната „Zelda: Ocarina of Time“; познат е и датумот на излегување

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library7iq92imqoou2cqyc9tL
Photo by Eugene Chystiakov on Unsplash

„Нинтендо“ конечно го прикажа гејмплејот од долгоочекуваниот римејк на култната игра „The Legend of Zelda: Ocarina of Time“, откривајќи нови механики, подобрена графика и датум на излегување.

Римејкот на класиката од 1998 година ќе биде објавен ексклузивно за Nintendo Switch 2 на 5 ноември 2026 година. Деталите беа претставени во рамки на специјалниот „The Legend of Zelda 40th Anniversary Direct“.

Продуцентот на серијалот „The Legend of Zelda“, Еиџи Аонума, објасни дека тимот не се определил за целосно реалистичен изглед, туку за визуелен стил кој треба да потсетува на атмосферата на оригиналната игра.

Во прикажаниот дел од почетокот на играта се гледаат обновени локации како Kokiri Forest, Hyrule Field, Death Mountain и Hyrule Castle Town.

Римејкот носи и низа промени во гејмплејот. Играчите ќе добијат слободна камера, можност за рачно скокање и пливање, проширени дијалози и контроли со движење. Наместо постојано превртување за побрзо движење, сега е достапна и посебна функција за спринт.

Промени има и кај свирењето на окарината. На Nintendo Switch 2 ќе биде овозможено и пеење преку вградениот микрофон, а ќе има и поддршка за физичка реплика на контролерот.

По повод 40-годишнината на серијалот, „Нинтендо“ најави и специјално издание на Switch 2, Joy-Con контролери и док со мотиви инспирирани од Triforce. Во понудата ќе има и посебен Pro Controller и торбичка за конзолата со соодветен дизајн.

Специјалната конзола и дополнителната опрема ќе бидат достапни од 29 октомври 2026 година, неколку дена пред излегувањето на римејкот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Користите ChatGPT за финансии? Овие податоци никогаш не смеете да ги споделувате

Технологија | пред 6 часа

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 6 часа

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 8 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања