Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Nintendo удри по GitHub: За само еден ден отстранети повеќе од 400 проекти

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryf3kctk3dbk1534zUNi0
Photo by Alvaro Reyes on Unsplash

Nintendo спроведе досега една од најголемите акции против емулаторите за својата конзола Switch, при што од GitHub биле отстранети повеќе од 400 репозиториуми.

По гасењето на познатите емулатори Yuzu и Ryujinx во 2024 година, почнаа да се појавуваат нивни клонови и различни продолженија. Nintendo сега се насочи токму кон тие проекти.

Според TorrentFreak, компанијата во само еден ден поднела седум барања според американскиот DMCA закон, со кои биле опфатени бројни деривати на Yuzu, како и емулаторите Skyline и MonoNX.

GitHub ги обработил барањата низ цели мрежи на поврзани репозиториуми, што резултирало со отстранување на стотици проекти.

Најголем удар претрпел Suyu, проект кој бил замислен како продолжение на Yuzu. Од GitHub биле отстранети околу 311 репозиториуми поврзани со Suyu.

На мета бил и Skyline, емулатор на Switch наменет за Android уреди, како и MonoNX, помалку познат емулатор напишан во програмскиот јазик C#.

Во своите пријави Nintendo тврди дека овие емулатори користат неовластени криптографски клучеви за декриптирање на ROM-датотеки со Switch игри, што компанијата го користи како основа за своите DMCA барања.

Сепак, бидејќи голем дел од кодот на овие проекти веќе е копиран и пресликан на други места, се очекува нови клонови повторно да се појавуваат.

Така продолжува долготрајната „игра на мачка и глушец“ меѓу заедницата која се занимава со емулaција и правниот тим на Nintendo.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Користите ChatGPT за финансии? Овие податоци никогаш не смеете да ги споделувате

Технологија | пред 6 часа

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 7 часа

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 8 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања