Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Нискобуџетната авио компанија „Изи Џет“ влегува на македонскиот пазар

Медиасет.мк
пред 5 години
Easy-Jet

Нискобуџетната авио компанија „Изи џет“ влегува на македонскиот пазар во претстојната зимска сезона со авиолинија помеѓу Скопје и Женева. Летовите ќе почнат на 1 ноември и првично ќе се изведуваат двапати неделно, секој понеделник и петок, а од декември летови ќе има трипати неделно.

Авиокомпанијата во моментов нема директна конкуренција на оваа авиолинија. Таа ќе стане трета нискобуџетна авиокомпанија што ќе го опслужува скопскиот аеродром заедно со „Визер“ и „Пегасус ерлајнс“.

„Визер“, која е доминантна авиокопмпанија во Скопје, не може да воспостави летови меѓу Швајцарија и Македонија бидејќи авиолиниите меѓу двете земји се регулираат преку билатерални договори. Летовите на „Визер“ кон Базел се смета дека се летови кон Франција. Од друга страна, пак, „Изи џет“ има подружница во Швајцарија.

Од „Изи џет“ претходно изјавија дека за нив не претставува пречка присуството на „Визер“ на македонскиот пазар и дека ќе бидат воспоставени летови до земјава само доколку има доволно побарувачка.

Со ова, Босна и Херцеговина останува единствена земја од поранешна Југославија во која „Изи џет“ не ги нуди своите услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

media-library0qdukd9sdvn9f8K17AL

Тинејџер се загубил на планина откако ги следел упатствата на вештачката интелигенција

Технологија | пред 3 дена

media-libraryiveoklab8gujcZZ4FA1

Од Берлин до Будимпешта: Божиќни пазари во Европа што можете да ги посетите со мал буџет

Патувања | пред 3 дена

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања