Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Nokia се повлекува од Кина: Планира затворање на речиси сите свои локации до крајот на 2026 година

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-library5aklgad911r5aXPzffg
Photo by M. Rennim on Unsplash

Финската телекомуникациска компанија Nokia планира затворање на речиси сите свои локации во Кина до крајот на 2026 година, како дел од пошироко намалување на своето работење во земјата, објави „South China Morning Post“.

Според извори запознаени со ситуацијата, затворањето на локациите и намалувањето на бројот на вработени ќе се одвива постепено до крајот на годината.

Од Nokia потврдиле дека компанијата презема мерки за подобро усогласување на своето работење во Кина со глобалната состојба. Од финската компанија наведуваат дека нејзиниот бизнис во Кина во последните години континуирано опаѓал, поради што ја приспособува својата оперативна присутност за да одговори на новите услови.

Nokia засега не соопшти колку точно работни места и локации ќе бидат опфатени со преструктурирањето.

Финската компанија во Кина работи повеќе од четири децении, а земјата некогаш беше еден од нејзините најважни поединечни пазари. Во последните години Nokia се соочува со зголемена конкуренција од домашните кинески производители на телекомуникациска опрема.

По објавувањето на информациите за планираното намалување на работењето во Кина, акциите на Nokia забележале пад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања