Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Норвешка воведува построги правила за паметните очила: „Новата технологија ја загрозува приватноста“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryke5gnnhdlq6veB6J566
Photo by Panos Sakalakis on Unsplash

Норвешка подготвува построги правила за употребата на паметните очила и сличните уреди поради загриженост за приватноста и заштитата на личните податоци.

Станува збор за уреди со вградени камери, микрофони и екрани за проширена реалност кои овозможуваат снимање, но и прикажување информации директно во видното поле на корисникот.

Норвешкото Министерство за дигитализација и јавна администрација побарало построга регулација, а јавниот и приватниот сектор се повикани да разгледаат сопствени правила за користење на ваквата технологија.

Министерката за дигитализација и јавна администрација Каријане Тунг изјавила дека новата технологија носи ризици за приватноста и заштитата на податоците.

„Тоа, на пример, би можело да вклучува забрана на функции како препознавање лица на други луѓе на јавни места“, рекла Тунг.

Министерството најавило и формирање стручна група која ќе дава препораки за начинот на регулирање на паметните очила и сличните уреди.

Употребата на паметните очила во последните месеци предизвикува сè поголеми дебати. Критичарите предупредуваат дека уредите можат да се користат за тајно снимање и надзор, додека нивните поддржувачи истакнуваат дека технологијата може да биде особено корисна за лицата со попреченост, вклучително и за слепите и слабовидните лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 2 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 15 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 19 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања