Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Нотр Дам повторно со отворени кули – туристите веќе прави редици

Медиасет.мк
пред 1 година
media-libraryra5822ehpksfeof1OiD

Посетителите повторно можат да ги разгледаат кулите на катедралата Нотр Дам во Париз, преку 45-минутна тура која започнува со искачување во јужната кула до камбанаријата. Новиот обиколен пат е унапреден во однос на состојбата пред пожарот, со нови видиковци и дополнителни простори за туристите.

Влезниците чинат 16 евра и можат да се купат исклучиво онлајн, а дозволен е влез за само 19 лица истовремено. Карти за првите два дена беа распродадени за само 24 минути.

Отворањето на обновените кули доаѓа во согласност со ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон дека реставрацијата ќе биде завршена за пет години.

Од повторното отворање на катедралата во декември 2024 година, речиси 30.000 посетители дневно го посетуваат обновеното готско архитектонско ремек-дело. На церемонијата на отворањето, Макрон беше домаќин на светски лидери и познати личности, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот принц Вилијам и тогашниот американски претседател-избран Доналд Трамп.

Вредноста на целата реставрација изнесува околу 930 милиони евра. Во работите беа вклучени стотици работници кои користеа современи технологии како дронови и компјутерска анимација за прецизна реконструкција на катедралата. Дополнително, воведени се и нови мерки за заштита од пожар, вклучувајќи метални носачи што го делат покривот во три дела за да се намали ризикот од ширење на огнот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 3 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 4 дена

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања