Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Нов безбедносен пропуст на „Вацап“: Фотографии може да се отвораат и на заклучен телефон

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryogsm52megssjcd1T306

На „Вацап“ е откриен безбедносен пропуст кој, според досега објавените информации, може да овозможи пристап до фотографиите во галеријата на одредени „Андроид“ телефони дури и кога уредот е заклучен.

Пропустот го објавил безбедносниот истражувач Хозе Родригез на платформата „Икс“, прикажувајќи како може да се искористи. Проблемот се појавува за време на видеоповик на „Вацап“. На заклучен телефон можно е да се одговори на повикот без претходно отклучување, што само по себе е вообичаена функција.

Сепак, откако ќе започне видеоповикот, може да се отвори менито со ефекти и позадини. При изборот на „Backgrounds“ и активирањето на функцијата Meta AI за создавање или уредување фотографија, се појавува безбедносниот проблем.

Според прикажаното сценарио, доколку се избере уредување на постоечка фотографија, „Вацап“ може директно да ја отвори галеријата на телефонот иако уредот сè уште е заклучен. Тоа значи дека лице со физички пристап до заклучениот телефон потенцијално би можело да пристапи до фотографиите зачувани во него.

Пропустот, според досега достапните информации, не се појавува кај сите „Андроид“ уреди. Наводно е забележан кај одредени модели на „Опo“ и „Виво“, додека досегашните тестови не покажале проблем кај телефоните на „Самсунг“.

Можно е причината да е поврзана со начинот на кој одредени прилагодени верзии на „Андроид“ управуваат со заклучениот екран и функциите достапни без отклучување на телефонот.

Засега не е познато колку модели се погодени, ниту дали „Вацап“ веќе подготвил официјална исправка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 42 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања