Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Нов луксузен проект би можел да ја промени туристичката понуда на Црна Гора

Медиасет.мк
пред 5 месеци
crna-gora

Сопственикот на компанијата Adriatic Properties, Петрос Статис, ја заинтригира јавноста со најава што укажува на можно доаѓање на престижниот светски бренд Nammos во Црна Гора.

Со фотографија и пораката „Ново поглавје на хоризонтот“, Статис отвори нова приказна за потенцијален развој на луксузниот туризам на црногорското крајбрежје.

Nammos е еден од најпознатите светски луксузни брендови за животен стил и ресторани на плажа. Основан е на Миконос, а денес работи во елитни дестинации како Дубаи, Лондон, Кан, Доха, Лимасол и Сардинија.

Брендот е познат по спојот на врвна гастрономија, ексклузивен амбиент и луксузен туризам што привлекува светски џет-сет.

Adriatic Properties и претходно донесе престижни меѓународни брендови во Црна Гора, меѓу кои Aman Resorts и Nobu Hotels & Restaurants, со што црногорскиот брег се позиционираше меѓу луксузните туристички дестинации на Медитеранот.

Иако засега нема официјални детали, најавата на Статис веќе предизвика големо внимание, а евентуалното доаѓање на Nammos би можело да претставува нов голем чекор за црногорскиот туризам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања