Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Нов рекорд на Марс: Роверот на НАСА помина повеќе од 45 километри

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryfgh7so5b5fv41t2rZX5

Роверот „Персеверанс“ на НАСА поминал 45,2 километри на површината на Марс, со што го поставил рекордот за најдолго растојание поминато од возило на друго небесно тело, соопшти американската вселенска агенција.

Роверот со големина на автомобил и шест тркала е испратен на Марс за да истражи дали на планетата некогаш постоеле услови погодни за живот на микроорганизми.

Од НАСА велат дека опремата и научните инструменти на „Персеверанс“ се во одлична состојба, а достапни се и резервните системи, иако леталото работи речиси пет години. За успехот особено придонел системот за автономна навигација „AutoNav“, кој му овозможува на роверот самостојно да ја анализира околината, да создава тридимензионални карти и да избира безбедна патека.

Со ова достигнување е надминат претходниот рекорд на роверот „Опорчјунити“, кој од 2004 до 2018 година поминал нешто повеќе од 45 километри на Марс. Првичниот план предвидувал „Персеверанс“ да помине само 20 километри.

НАСА неодамна ја продолжила мисијата на роверот, кој треба да го истражува работ на кратерот Језеро. Се очекува активностите да продолжат приближно до крајот на 2028 година.

Кратерот Језеро, кој се наоѓа на северната полутопка на Марс, е избран за истражување бидејќи се смета дека пред милијарди години бил исполнет со вода и претставувал езерски басен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4p5canmhgh05eRZdOr2

Користите термофор? Лекар предупредува дека старите модели можат да предизвикаат тешки изгореници

Вирално | пред 1 час

media-library9tjte46dfdlh6XeIgoN

(Видео) Ривалството остана во втор план: Механичарите на противнички тим му помогнаа на Буба Валас да ја продолжи трката

Вирално | пред 9 часа

horoskop

Три хороскопски знаци би можеле неочекувано да профитираат од една важна одлука

Вирално | пред 11 час

media-librarymh9hfookmahl56LOZjA

Зошто ноември носи големи одлуки во љубовните врски?

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања