Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Нов тренд во туризмот: бегство од гужви и избор на мирни локации

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-librarynto4oka2v40k6J0up9B
фото: unsplash

Навиките на европските патници значително се менуваат, што директно влијае врз изборот на периоди за одмор и туристичките дестинации. Сè поизразен станува трендот на патување кон помалку пренатрупани локации, надвор од летниот шпиц, како и зголемената популарност на кратките градски патувања во Европа.

Овој феномен е особено видлив и во Грција, која бележи зголемен туристички прилив не само кон Атина, туку и кон Солун во текот на целата година.

За грчкиот туризам, ваквите промени претставуваат предупредување и сигнал за промена на стратегијата. Во популарни и меѓународно познати дестинации како Миконос и Санторини, сликите од пренатрупани улици, долги чекања и оптоварена инфраструктура за време на летната сезона предизвикуваат незадоволство кај дел од туристите со повисоки барања.

Според нова студија на Европската туристичка комисија, 64% од Европејците изразуваат силна намера за патување и подготвеност за поголема потрошувачка. Осум од десет планираат патувања во Европа, а четири од десет издвојуваат буџет поголем од 1.500 евра.

Сè поголем дел од патниците се насочуваат кон алтернативни дестинации, избираат подолги престои и патуваат надвор од главната сезона. Околу 51% избираат помалку популарни места, додека 10% се одлучуваат за пооддалечени и поавтентични региони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања