Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Нова промена на Евровизија: Победникот нема да биде домаќин ако е во воен конфликт

Медиасет.мк
пред 2 месеци
evrovizija

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе ново правило за Евровизија, според кое земјата победник нема автоматски да има право да биде домаќин на следното издание доколку е вклучена во вооружен конфликт или се соочува со чувствителна геополитичка ситуација што може да влијае врз безбедноста и стабилноста.

Според измените одобрени од управното тело на натпреварот, ЕБУ може да определи друга земја учесник да биде домаќин доколку процени дека победничкиот радиодифузер не е во можност безбедно да го организира натпреварот.

„Доколку вооружен конфликт, чувствителна геополитичка ситуација или друга состојба де факто влијае врз безбедноста, сигурноста или стабилноста на регионот на радиодифузерот-учесник, тој нема да може да биде домаќин на следната Евровизија доколку неговата песна победи“, стои во новите правила.

Измените се толкуваат и во контекст на контроверзите околу учеството на Израел на натпреварот, поради неговите воени операции во Газа и поширокиот Блиски Исток.

Минатата година, по неуспешниот обид за суспензија на Израел, пет радиодифузери најавија бојкот на натпреварот, меѓу кои и шпанскиот и ирскиот јавен сервис.

На годинашната Евровизија во Виена, израелскиот претставник Ноам Бетан заврши на второто место, исто како и Јувал Рафаел една година претходно.

Израел последен пат беше домаќин на Евровизија во 2019 година, откако Нета Барзилај победи една година претходно со песната „Toy“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 15 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 16 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања