Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Новата епизода на „A Knight of the Seven Kingdoms“ поставува рекорд на IMDb

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-librarygl4i1774kbo67SMBwII

Серијата „A Knight of the Seven Kingdoms“ продолжува да докажува дека светот на Игра на тронови и понатаму е исклучително популарен. Овој спин-оф, од епизода до епизода, бележи високи оценки, а токму петтата епизода постави нов рекорд на сајтот IMDb.

Епизодата наречена „Во име на Мајката“ стана најдобро оценета епизода од серијата, достигнувајќи оценка 9,8 од 10 на IMDb, врз основа на повеќе од 53.000 гласови. Со тоа ја надмина претходната, четвртата епизода „Седумте“, која има оценка 9,7.

Со оценка 9,8, „Во име на Мајката“ се сместува меѓу највисоко оценетите епизоди на IMDb.

Единствената епизода во историјата на телевизиските серии која има чиста десетка и натаму е „Ozymandias“ од завршната сезона на серијата Breaking Bad, пренесува порталот How to Geek.

Серијата „Витез на Седумте Кралства“ е базирана на новелите на Џорџ Р. Р. Мартин „Приказни за Данко и Ег“, а Мартин е истовремено и ко-креатор на серијата заедно со Паркер.

Првата сезона има уште една епизода, која ќе се емитува на HBO и HBO Max на 23 февруари. Серијата веќе е обновена за втора сезона, чија премиера се очекува во текот на 2027 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања