Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Нови естетски трендови меѓу младите: Девојките бараат помали стапала и потесни рамена

Медиасет.мк
пред 21 минута
operacija-2

Сè повеќе млади девојки бараат естетски операции за намалување на стапалата и стеснување на рамената, додека дел од мажите сакаат пошироки рамена, предупредуваат естетски хирурзи од Турција. Според нив, ваквите барања сè почесто се поттикнати од влијанието на социјалните мрежи.

Професорот и доктор Јакуп Чил вели дека пациентките бараат помали стапала со образложение дека така чевлите би изгледале поубаво и поелегантно. Девојките, исто така, сакаат потесни рамена за облеката да им стои поелегантно, додека мажите сè почесто бараат хируршки интервенции за нивно проширување.

Лекарот предупредува дека овие операции не се едноставни како што изгледаат на социјалните мрежи и дека треба да се изведуваат само кога постои вродена аномалија.

Вонредниот професор Емре Хоџаоглу од Медицинскиот факултет во Истанбул посочува дека сè почесто младите бараат од родителите естетски операции како подарок за успешно завршена учебна година. Според него, интервенциите со филери за зголемување на усните веќе станале широко прифатени.

Хирурзите предупредуваат дека секоја операција носи одредени ризици, поради што е важно пациентите да избираат квалификувани и искусни лекари. Дополнително, забележуваат дека возрасната граница за естетски интервенции значително се намалува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

horoskop-kwiecien-screen

Неделен хороскоп: Лавовите ќе бидат главни во секое друштво, на Рибите им се враќа стара љубов

Вирално | пред 1 час

media-library44mfaverflo81e0EaMu

(Видео) Здолништето ѝ беше преголемо, но желбата да го носи беше уште поголема

Вирално | пред 6 часа

grozje-1-500x330-1

Црно или бело грозје: Кое е поздраво и содржи повеќе антиоксиданси?

Вирално | пред 21 час

media-libraryol5ihdrsfmhd6yS0klY

PlayStation 6 би можел да пристигне подоцна од очекуваното поради поскапувањето на компонентите

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања