Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус

Медиасет.мк
пред 1 година
filharmonija

Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни!Доаѓа Новата...“ на Македонската филхармонија ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс.

Eлена Митревска завршува студии по хорско и оркестарско диригирање на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, каде дипломира со почести. Член е на хорот „Арнолд Шенберг“ во Виена седум сезони, при што работи на оперска и концертна репертоар со диригенти како што се Николаус Харнонкурт, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ретл, Рене Јакобс и Корнелиус Мајстер, меѓу другите. Од 2012 година таа е асистент-диригент и хор-мајстор во истиот хор за концерти и оперски продукции во „Theater an der Wien.“Во декември 2014 година ја добива наградата од фондацијата „Ервин Ортнер“ за промовирање талентирани млади музичари во областа на хорското диригирање. Митревска диригира со оркестри како што се камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, Виенскиот камерен оркестар, Македонската филхармонија, Овиедо Филхармонија и Оркестарот на Операта во Малме. Во ноември 2022 година поканета е како диригент во продукцијата на „Дон Џовани“ во Операта во Овиедо. Таа е хор-мајстор во истата од 2016 до 2020 година, а гостин хор-мајстор во Националната опера Лион, Франција во 2021 година. Од 2020 година ја врши истата функција во Операта во Малме, каде што има претстојни продукции, вклучувајќи ја улогата на диригент за операта „Кармен“ од Жорж Бизе во сезоната 2025/26.Митревска е редовно поканета да работи на проекти со хорот на Данското национално радио и Данскиот национален вокален ансамбл.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Сцена | пред 15 часа

media-librarysh2v5m62s5q0fzY0WdQ

Колку јајца смеете да јадете ако внимавате на холестеролот?

Вирално | пред 15 часа

media-libraryvdiqm2dljg743m7GZ2v

Јелена Карлеуша откри дека сака да ја претставува Србија на Евровизија

Сцена | пред 17 часа

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Вештачката интелигенција открива што гледате, но експертите предупредуваат на ризици за приватноста

Технологија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања