Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Обвинение против 22-годишник за палење на авотмобилот на Бака Прасе - му барал 40.000 евра месечно

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-libraryh3cbfq2elm05dkmjb0r

Вишото јавно обвинителство во Белград подигна обвинение против Зоран Р. (22) поради сомнение дека се обидел да изнуди најмалку 40.000 евра месечно од познат инфлуенсер Б. И., со закани и палење на автомобил.

Обвинението е доставено до Вишиот суд во Белград за одлука за потврдување, а на обвинетиот му се ставаат на товар кривичните дела обид за изнуда и предизвикување општа опасност. Обвинителството предложило и продолжување на притворот.

Според наводите во обвинението, Зоран Р. со цел наводна „заштита од врачарскиот клан“ барал од оштетениот најмалку 40.000 евра месечно, со закани и повикување на детали од неговиот приватен живот.

Како што се наведува, тој постапувал по налог на друго лице А. А., кое претходно се распрашувало за оштетениот во еден белградски ресторан.

Откако оштетениот одбил да ја прифати понудата, Зоран Р. на 16 февруари 2026 година на паркингот на зградата во која живее Б. И. го запалил неговиот автомобил, прелевајќи го со запалива течност, со цел да ја демонстрира сериозноста на заканите и намерата за изнуда.

Да потсетиме, луксузниот автомобил „Mercedes G 800 4x4²“, во сопственост на јутјуберот и инфлуенсер Богдан Илиќ, познат како „Бака Прасе“, изгоре во февруари во Белград на вода.

media-library7ml7bpokulh10lwK2ea

(Видео) Запален луксузниот автомобил на Бака Прасе вреден 500.000 евра

Луксузниот автомобил на српскиот јутјубер познат како Бака Прасе бил запален рано наутро пред зградата каде што живее.Станува збор за возило од марката „Брабус“, чија вредност се проценува на околу 500.000 евра.Според објавените информации, пожарот избувнал додека автомобилот бил паркиран пред неговиот дом. Случајот предизвикал големо внимание во јавноста, а настанот се случил во раните утрински часови.Јутјуберот се огласи по настанот и потврдил дека возилото е сериозно оштетено.„РИП Брабус, 202

Вирално | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 16 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 19 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања