Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Од шпионски сателит до вселенски телескоп: Необичната приказна на новиот „Роман“ на НАСА

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryudknr2rls65pfzF9WcM
unsplash

НАСА наскоро треба да го лансира новиот вселенски телескоп „Ненси Грејс Роман“, кој се очекува да донесе нови сознанија за ширењето на вселената и да помогне во откривањето на планети надвор од Сончевиот систем. Телескопот ќе биде лансиран со ракетата „Фалкон хеви“ на „Спејс екс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Иако денес е наменет за астрономски истражувања, „Роман“ има необично потекло. Неговата платформа првично била развиена во американската Национална извидничка канцеларија (NRO), агенција задолжена за американските шпионски сателити. Проектот бил наменет за надзор, но бил откажан пред сателитот да биде лансиран.

Подоцна, НАСА ја презела платформата и извршила големи измени за да може да се користи за научни цели. На леталото биле поставени научни инструменти, меѓу кои и инфрацрвена камера со висока резолуција, а било приспособено и за патување до Лагранжовата точка 2, на околу 1,6 милиони километри од Земјата. На истото место се наоѓа и вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.

Телескопот „Роман“ треба да им помогне на научниците подобро да разберат како се шири вселената и зошто тоа ширење се забрзува. Една од неговите задачи ќе биде и потрагата по егзопланети, односно планети што орбитираат околу ѕвезди надвор од нашиот Сончев систем.

Иако ќе има резолуција споредлива со „Хабл“, новиот телескоп значително ќе го забрза набљудувањето на центарот на Млечниот Пат. Според научниците ангажирани на проектот, за набљудувања за кои на „Роман“ ќе му бидат потребни околу еден месец, на „Хабл“ би му биле потребни приближно сто години.

„Роман“ е именуван по Ненси Грејс Роман, првата главна астрономка на НАСА и една од клучните личности во развојот на американската вселенска програма.

Проектот, според објавените информации, напредува побрзо од планираното и се одвива во рамките на предвидениот буџет. Неговиот развој, сепак, во изминатите години не бил без политички предизвици, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати се обидувала да го откаже проектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 42 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања