Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Одложен мечот на Ѓоковиќ на Вимблдон

Медиасет.мк
пред 3 месеци
novak-dzokovic-1

Организаторите на Вимблдон го изменија распоредот на натпреварите за денешната програма, па четвртфиналниот дуел на Новак Ѓоковиќ ќе започне подоцна од првично планираното.

Иако српскиот тенисер требаше да биде втор на програмата на Централниот терен, сега ќе настапи како трет, поради продолжувањето на прекинатиот меч меѓу Александер Зверев и Јиржи Лехечка.

Програмата ќе ја отворат Џесика Пегула и Коко Гоф, по што ќе продолжи дуелот меѓу Зверев и Лехечка, кој беше прекинат поради полицискиот час, при водство на Германецот од 2:0 во сетови и 3:3 во третиот сет.

По завршувањето на тие два меча, на терен ќе излезат Новак Ѓоковиќ и Феликс Оже-Алијасим. Колку ќе доцни почетокот на нивниот натпревар ќе зависи од времетраењето на претходните дуели, особено од продолжението на пресметката меѓу Зверев и Лехечка.

Според првичниот распоред, натпреварот на Ѓоковиќ требаше да започне околу 16:00 или 16:30 часот.

На Теренот 1 нема промени во програмата. Од 14:00 часот ќе играат Јаник Синер и Јан-Ленард Штруф, а потоа следува мечот меѓу Наоми Осака и Каролина Мухова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 16 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 17 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања