Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Опасен тренд се шири на TikTok

Медиасет.мк
пред 2 години

Психолозите предупредуваат на нов тренд на генерацијата Z, кој се шири преку социјалната мрежа TikTok, а вклучува таканаречена грижа за себе.

Трендот наречен „гниење на креветот“ вклучува долго останување во кревет, не за спиење, туку за пасивни активности како јадење грицки, гледање телевизија, играње игри и слични активности.

Пожелно е да се грижите за себе и да се одморите по напорниот ден за да управувате со стресот и да ја зголемите енергијата. Меѓутоа, од друга страна, премногу сон и недостаток на физичка активност може да доведат до здравствени проблеми.

Сепак, ова не ја загрижува генерацијата Z, која го „прегрна“ овој сè попопуларен тренд, кој има милиони прегледи на TikTok. Затоа експертите решија да ги покажат предностите и недостатоците на овој тренд.

Психологот од Универзитетот Колумбија, Кортни Де Анџелис, изјави дека „гниењето на креветот“ во мали дози може да го смири телото и може да помогне во олеснување на стресот и исцрпеноста, особено за луѓето кои работат долги часови на ментално или физички тешки работни места.

Клиничарот за семејна медицина од Државниот универзитет во Охајо, Никол Холингшед, истакна дека лежењето во кревет е препознаено како начин за опуштање и може да им помогне на луѓето да се чувствуваат подобро без да се чувствуваат виновни.

Сепак, според доцентот на Универзитетот Колумбија, Раџан Султан, важно е времетраењето на таквите активности. Имено, овој тренд може да стане загрижувачки доколку трае подолго од ден-два.

Исто така, психолозите истакнаа дека освен времето, важно е и она што го правите додека лежите. Овој тренд може да биде особено штетен доколку слободното време го поминувате користејќи мобилен телефон или гледајќи телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 16 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 19 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања