Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

OpenAI го претстави GPT-5: „Паметен, побрз и многу покорисен“

Медиасет.мк
пред 1 година
ChatGPT

OpenAI го претстави GPT-5, најновата и најмоќна верзија на својот голем јазичен модел, кој од денес им е достапен на сите корисници – вклучително и на бесплатните. Компанијата вели дека моделот е „паметен, побрз и многу покорисен“, особено во области како пишување, програмирање и здравство.

„Пробав да се вратам на GPT-4 и искуството беше прилично мизерно,“ изјави извршниот директор Сем Алтман.

Според OpenAI, GPT-5 има значително пониска стапка на т.н. „халуцинации“ (измислени одговори) и поминува низ 5.000 часа тестирање на безбедност. Наместо целосно одбивање да одговори на потенцијално ризични прашања, моделот сега користи „безбедни завршетоци“ – дава одговори во рамки кои не можат да предизвикаат штета.

Клучни подобрувања: Подобро препознавање кога задача не може да се заврши. Намалување на шпекулациите и појасно објаснување на ограничувањата. Поголема способност за логичко резонирање и обработка на големи количини информации.

OpenAI демонстрираше и т.н. vibe coding – креирање апликации од едноставен текстуален опис. GPT-5 за неколку секунди изработи две различни веб-апликации за учење француски, со флеш-картички, квизови и следење на напредок.

GPT-5 денеска се пушта за Free, Plus, Pro и Team корисници, а за првпат и бесплатните корисници ќе имаат пристап до reasoning модел. Pro корисниците имаат неограничен пристап, а ChatGPT Edu и Enterprise ќе го добијат следната недела.

Microsoft веднаш го интегрира моделот во Microsoft 365 Copilot, Copilot за корисници и Azure AI Foundry, додека компании како Box веќе го тестираат за анализа на комплексни податоци.

За девелопери, GPT-5 доаѓа во три варијанти преку API: gpt-5, gpt-5-mini и gpt-5-nano, прилагодени на различни цени и брзина на одговор.

„GPT-5 е како да имате тим од експерти со докторат на располагање во секое време,“ вели Алтман.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 21 час

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања