Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Откако се самоповреди, на Клиника успешно му ја реплантираа десната рака

Медиасет.мк
пред 5 години
raka-2

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица .

Утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетив 54 годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака. Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба. Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи. Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години, за успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим. Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска. Тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4gedjfn9ifon14KIc13

(Видео) Му здосадило да го чисти автомобилот, па поставил плочки

Вирално | пред 13 часа

media-library4r1jebpqg2db99Sz5tz

(Видео) Како татко со дете: Маж и хуманоиден робот прошетаа држејќи се за рака низ трговски центар во Кина

Вирално | пред 16 часа

toshe-proeski

„Тоше те сакаме сите“: Скопје ќе му оддаде почит на Тоше Проески со голем музички настан

пред 1 ден

media-libraryqg1a9engomct2rP8mPz

Мафини од тиква со чоколадо: Едноставен есенски десерт што освојува со вкусот

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања