Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Откриена сериозна ранливост кај постарите модели на iPhone и Apple Watch

Медиасет.мк
пред 4 месеци
iphone

Корисниците на одредени постари модели на iPhone и Apple Watch се соочуваат со безбедносен пропуст кој, според истражувачите, не може да биде отстранет со вообичаено ажурирање на софтверот.

Безбедносните експерти од компанијата „Парадигм Шифт“ открија ранливост наречена „usbliter8“, која овозможува отклучување на оперативниот систем, односно таканаречен „jailbreak“ на уредите.

Добрата вест е дека злоупотребата на овој пропуст не може да се изврши преку интернет. За евентуален напад, неопходен е физички пристап до уредот, како и негово поврзување со компјутер од типот „Raspberry Pi“.

Според истражувачите, ранливоста ги погодува уредите со чиповите A12 и A13, меѓу кои се моделите iPhone XS и iPhone 11, како и Apple Watch Series 4, Apple Watch Series 5, првата генерација на Apple Watch SE и HomePod mini.

Проблемот произлегува од начинот на кој USB-контролерите во овие чипови ги обработуваат податоците. Поради недостаток во самиот хардвер, напаѓач со физички пристап може да внесе неовластен код и да ги заобиколи безбедносните механизми на iOS.

Бидејќи станува збор за хардверски, а не за софтверски пропуст, Apple не може да го поправи преку ажурирање. Истражувачите посочуваат дека единствен начин за целосна заштита е користење понови уреди со чипови A14 или понови генерации.

Од „Парадигм Шифт“ соопштија дека навремено го информирале Apple за откритието и ја пофалија компанијата за брзата реакција и соработката во процесот на објавување на информациите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 40 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања