Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Отворање на изложбaта „Тука, но некаде другаде“ на 24 октомври во „Мала станица“

Медиасет.мк
пред 2 години
unnamed

На 24 октомври во 19 часот во просториите на мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе се отвори групната изложба „Тука, но некаде другаде“, копродукција на непрофитната организација за промоција на женската активност - Тиииит! Инк. (Скопје) и Галерија ШКУЦ (Љубљана).

Изложбата „Тука, но некаде другаде“, ги истражува универзалните човечки искуства на мобилност, движење и припадност преку лични приказни. Прикажува дела на седум уметници чии практики комбинираат локални и регионални перспективи. Делата на Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев и Ленка Ѓоројевиќ ги вткајуваат заедно динамиката на раселеноста, транснационалните идентитети, колективноста и променливото чувство на припадност на оние кои ги минуваат границите. Кураторка на изложбата е Јана Старделова.

Нивните дела истражуваат интимни картографии на припадноста – без разлика дали е доброволна, присилна или замислена, низ времето. Замислено како долгорочна иницијатива, „Тука, но некаде другаде“ нè предизвикува да мислиме на луѓе наместо на географии, да ги замениме омразата и стравот со солидарноста. Наместо да има за цел да прикаже фиксна перспектива или да докаже нешто, таа го свртува погледот кон промената, како се стигнува до неа и како таа влијае на нас и нашите заедници.

Изложбата „Тука, но некаде другаде“ ќе биде отворена за посета до 4 ноември 2024 година. Влезот е слободен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymejjptsftt93bPHwttD

(Видео) Песни за љубовта, болката и себеприфаќањето: Емели Санде за првпат во Македонија

Сцена | пред 6 часа

media-librarymjouecq694bsaaQh3tY

(Видео) Дупер приреди незаборавна вечер во Скопје и ја крена публиката на нозе

Сцена | пред 6 часа

media-libraryo094940nuu26dZO9INm

Ким Кардашијан продава празничен календар за 148 долари, содржината ги разочара купувачите

Сцена | пред 22 часа

grozje-1-500x330-1

Црно или бело грозје: Кое е поздраво и содржи повеќе антиоксиданси?

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања