Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Ова се цените на моделите iPhone 16 и iPhone 16 Pro

Медиасет.мк
пред 2 години
iphone1

Синоќа Apple ја претстави серијата на телефони iPhone 16, а сега имаме информации за нивните цени ширум светот.

Цените на новата серија iPhone 16 се во голема мера непроменети на клучните пазари во споредба со моделите претставени минатата година.

Apple ги нуди сите четири модели на iPhone 16 во варијанти со простор за складирање од 128 GB, 256 GB и 512 GB. Втората опција е околу $100/£100/€130 поскапа од основната, додека третата опција чини $200/£200 повеќе.

Моделите iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max исто така имаат опција од 1TB, што е поскапо за 200 долари/200 фунти/250 евра од варијантата со 512 GB. Моделот Pro Max нема верзија од 128 GB.

Кога станува збор за Европа, сајтот GSMArena ги дава цените за Германија (кои се повеќе или помалку слични на цените низ Европа):

Во Германија, iPhone 16 има почетна цена од 949 евра, iPhone 16 Plus чини 1.099 евра, iPhone 16 Pro чини 1.199 евра, додека iPhone 16 Pro Max има цена од 1.449 евра.

Apple потврди дека преднарачките за новите модели на iPhone 16 ќе започнат на 13 септември, додека на пазарот ќе бидат достапни од 20 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 40 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања