Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Овие се познатите „цигли“ кои беа бисери: пет модели на телефони кои владееја со светот

Медиасет.мк
пред 1 година
media-library64312d26qmnq6hIs3dW

Во времето кога батеријата на мобилниот телефон траеше со денови, а не со часови, и кога телефонот можеше да се фрли од маса без страв дека ќе се скрши, технологијата изгледаше поедноставно, но и поавтентично. Пред да се појават технолошките гиганти како „Епл“, „Самсунг“ и „Гугл“, светот имаше свои ѕвезди на пазарот на мобилни телефони – уреди кои и денес предизвикуваат носталгија кај милиони корисници.

Нокија 3310, еден од најпродаваните телефони на сите времиња, се појави во 2000 година и остана запаметен како „неуништлив телефон“. Со игри како „Snake“, вграден калкулатор, потсетник и штоперица, овој модел ја дефинираше практичноста на мобилната технологија во тоа време.

media-library6bm64pn9uapb1mnYOCj

Неколку години подоцна, во 2006, Нокија ја претстави серијата N, предводена од моделот N95, кој беше вистинска револуција. Со камера од пет мегапиксели, GPS и Wi-Fi поддршка, N95 се сметаше за претходник на паметните телефони какви што ги знаеме денес. Корисниците со восхит го опишуваа како „мини компјутер“ што собира цел свет во џеб.

media-libraryb531pktvraase056Mnt

Истата година, пазарот ја доби и својата прва зависност од мобилни телефони – „Блекбери Перл“. Телефонот беше дизајниран за поширока публика, надвор од деловниот свет, со удобна тастатура и елегантен изглед. Иако брендот денес речиси и не постои, тогаш „Блекбери“ беше синоним за префинетост и стил.

media-libraryae2okmnjjls4e3EvU20

Во 2004 година, „Моторола РАЗР“ направи вистинска модна револуција. Со тенок метален дизајн и карактеристично преклопување, тој стана симбол на стилот на 2000-тите години. Многумина го сметаат за најубавиот телефон направен до денес, а неговата појава во филмови и спотови само ја зголеми неговата популарност.

media-libraryp66cs1ofq4kfbQ8LhQ7

Нокиа N-Gage, пак, беше обидот на финската компанија да ги спои телефоните и гејмингот. Иако идејата беше авангардна, реализацијата не помина најдобро. Играчите го обожуваа, но за секојдневна употреба беше непрактичен. Сепак, N-Gage остана симбол на храброст и иновација во време кога технологијата сè уште учеше како да ги поврзе различните светови.

media-library9ega3j7le90jaBLZKA1

Денес, кога сите телефони личат еден на друг и батеријата ретко трае подолго од ден, старите модели нè потсетуваат на едно поедноставно време – време кога телефоните беа издржливи, лични и уникатни, а секое ѕвонење носеше дел од нашиот карактер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања