Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Овој европски град е прогласен за најдобра дестинација за соло патници

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-librarylcjm4tt3m5mh5GYpwUY
фото: unsplash

Доколку планирате соло патување и се прашувате која дестинација да ја посетите, британската веб-страница Quotezone направи листа на најдобрите европски градови за оние кои патуваат сами. На првото место се најде Мадрид.

За многумина, самостојните патувања претставуваат ослободувачко искуство, но за оние кои патуваат сами за првпат, тоа може да биде и застрашувачко.

За да го олесни изборот, Quotezone спроведе анализа во која беа земени предвид повеќе фактори: јавниот превоз, бројот на хотели и туристички тури, брзината на интернетот и нивото на безбедност. Врз основа на овие критериуми, европските градови беа рангирани според индекс погоден за соло патувања.

На врвот на листата се најде Мадрид, кој се издвојува со одлична гастрономија, богата музејска понуда, пристапен јавен превоз, солидна интернет конекција и добро ниво на безбедност.

media-libraryarhob63p6ckl7dCT92h
фото: unsplash

Топ 10 европски градови за соло патувања:

  1. Мадрид, Шпанија

  2. Прага, Чешка

  3. Лисабон, Португалија

  4. Париз, Франција

  5. Рејкјавик, Исланд

  6. Будимпешта, Унгарија

  7. Атина, Грција

  8. Виена, Австрија

  9. Фиренца, Италија

  10. Осло, Норвешка

Претходно, списанието Time Out објави слична листа базирана на мислења на жени кои патуваат сами, каде што Рејкјавик беше на првото место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања