(Видео) Лавицата им покажа кој е посилен: Двајца мажи не ѝ се рамни
Несекојдневна сцена во „Малкија парк“ во Словачка привлече внимание откако двајца мажи се обидоа да ја надвлечат лавицата во игра со јаже.Иако двајцата влечеа со целата своја сила, лавицата без поголем напор го задржа јажето само со вилиците, не дозволувајќи им да го извлечат од нејзината страна.Сцената се одвиваше зад дебелото стакло на оградениот простор, а снимката на интересен начин ја покажа огромната физичка сила на лавицата.
Вирално | пред 2 часа