Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Паника во „Боинг“: Аларм за бомба го врати авионот назад во САД

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj
фото: unsplash

Патнички авион на лет од САД кон шпанскиот остров Мајорка бил принуден да се врати на аеродромот во Њуарк откако во кабината бил детектиран блутут сигнал со назив „бомба“, соопштија воздухопловните власти.

Авионот од типот „Боинг 767“, кој летал на релација Њуарк – Палма де Мајорка, полетал во саботата навечер со 190 патници и 12 членови на екипажот. Околу три часа по полетувањето, екипажот бил известен за присуство на сомнителен блутут уред.

Според информациите, пилотите повеќепати побарале од патниците да ги исклучат своите блутут уреди, но два од нив останале активни. По консултации со оперативниот центар на авиокомпанијата во Чикаго, било донесено решение авионот да се врати во Њуарк како безбедносна мерка.

По слетувањето, сите патници биле евакуирани, а полицијата извршила детален преглед на леталото. Не била пронајдена никаква експлозивна направа, по што патниците минале дополнителна безбедносна контрола и биле префрлени на заменски лет.

Според неофицијални информации, за инцидентот се сомничи 16-годишен тинејџер кој наводно го преименувал својот блутут уред во „бомба“. Надлежните случајот го третираат како несоодветна шега, а авионот подоцна безбедно пристигнал на својата крајна дестинација во Палма де Мајорка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

media-library62u6r2a4p1j64iaF9ut

Каде треба да го чувате суровото пилешко во фрижидерот за да избегнете бактерии?

Вирално | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања