Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Пари преку Вајбер со неколку чекори: Новата услуга пристигнува во регионот

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-libraryovj7lm3111t0dDvoqNn

Вајбер подготвува нов начин за испраќање и барање пари, со што корисниците ќе можат финансиските трансакции да ги започнуваат директно од разговор во апликацијата.

Новата услуга на „Ракутен Вајбер“ најпрво ќе биде воведена во Србија, каде што се очекува да стане достапна за помалку од 30 дена. Зад развојот на сервисот стојат „Ракутен Вајбер“, Народната банка на Србија и „Пејчет“.

Постапката ќе започнува во чет-ботот на Вајбер. Корисникот ќе избере лице, ќе го внесе износот и потоа ќе биде пренасочен во својата апликација за мобилно банкарство. Таму ќе ја потврди уплатата, а самата трансакција ќе ја реализира банката. „Пејчет“ ќе ја обезбедува врската меѓу двете апликации.

Според најавата, сервисот нема да ги чува средствата на корисниците и нема да има пристап до нивните ПИН-кодови, лозинки или еднократни банкарски кодови. Потврдата за плаќањето ќе остане во банкарската апликација.

Иако првично е наменет за Србија, од Вајбер наведуваат дека постои можност услугата подоцна да биде проширена и на други пазари во регионот. Засега нема потврда дали и кога ќе биде достапна во Македонија.

Компанијата во дел од европските земји веќе ја нуди услугата „Вајбер пеј“, која овозможува директно испраќање пари, но Македонија во моментов не е опфатена со оваа услуга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

ВИ-агенти се обиделе да ги нападнат системите на канадската влада

Технологија | пред 28 минути

media-library9bp6f2s84opb8cvI8cn

Падна Gemini, дел од корисниците не можат да ја користат услугата

Технологија | пред 11 час

29102017155418_web_401089-dzhef-bezos-tret-najbogat-chovek-na-svetot-bafet-ima-pomalku

Безос: Овојпат одиме на Месечината за да останеме

Технологија | пред 1 ден

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Словенија: 62 отсто од граѓаните користат алатки со вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања