Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Патувате со авион? Овие грешки задолжително избегнувајте ги

Медиасет.мк
пред 3 месеци
avion-patnici

Многу патници веднаш по сместувањето во авионот ги соблекуваат чевлите, но една членка на кабинскиот персонал предупредува дека токму оваа навика може да доведе до сериозни здравствени ризици.

Во подкаст на Би-Би-Си, вработена во една од најголемите светски авиокомпании откри дека една од најчестите грешки што ги прават патниците е влегувањето боси во тоалетот на авионот.

Според неа, патниците секогаш треба да носат обувки кога го користат тоалетот, бидејќи течностите на подот не се секогаш вода. Тие можат да бидат урина, повраќаница, крв или други телесни течности што содржат бактерии, вируси и габи кои можат да навлезат во организмот преку кожата.

Покрај ова, кабинскиот персонал предупредува и на уште една честа грешка – патување со пасош на кој му истекува важноста. За многу држави важат строги правила, па пасошот мора да има важност од најмалку шест месеци при влез, додека за одредени земји од Европската Унија важи минимум три месеци.

Стјуардесите им советуваат на патниците никогаш да не патуваат без патничко осигурување, бидејќи тоа може да ги покрие трошоците доколку дојде до непредвидени ситуации.

Исто така, препорачуваат секој патник во рачниот багаж да носи основни лекови, како што се средства против болка. Тие објаснуваат дека кабинскиот персонал не смее секогаш да дели лекови без присуство на лекар, па најбезбедно е патниците сами да ги понесат потребните медикаменти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања