Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Пет необични комбинации на бои што го освојуваат уредувањето на домот

media-librarypffsujuo64vi54qnO41

Заборавете на едноличните бели ѕидови и монотоните простории. Во уредувањето на ентериерот сè поголемо внимание привлекуваат смелите контрасти и природните нијанси кои внесуваат топлина, елеганција и посебен карактер во домот.

Боите имаат големо влијание врз изгледот и атмосферата во просторот. Понекогаш е доволно да се сменат само неколку детали за просторијата да добие сосема нов изглед.

Меѓу актуелните трендови се издвојуваат комбинации на навидум неспоиви нијанси – од нежни земјени тонови до впечатливи споеви на розова и зелена боја. Ова се пет комбинации што можат да послужат како инспирација за освежување на домот.

1. Бојата на слонова коска и пригушен килибар

Нежната боја на слонова коска внесува светлина и воздушест изглед, додека пригушениот килибар, со нијанса што потсетува на печена глина, додава длабочина и карактер. Оваа комбинација создава пријатна и елегантна атмосфера, особено во дневните соби, а одлично се вклопува со дрвен мебел, ленени завеси и керамички украси.

2. Фуксија и маслинестозелена

На прв поглед можеби изгледаат како неспоив пар, но токму контрастот меѓу интензивната розова и пригушената зелена ја прави оваа комбинација толку привлечна. Фуксијата внесува енергија и разиграност, додека маслинестозелената ја смирува атмосферата и додава природна нота. Доволни се зелена гарнитура, розови перници или впечатлива фотелја за просторот да добие нов изглед.

3. Пудресторозова и боја на жалфија

Овие две нежни нијанси совршено се надополнуваат и создаваат чувство на рамнотежа и спокојство. Особено добро изгледаат во спалните и дневните соби, во комбинација со светло дрво, природни материјали, кремави детали и собни растенија.

4. Темносина со зеленикав тон и теракота

Длабоката сина боја потсетува на морските длабочини, додека теракотата внесува топлина и живост. Заедно создаваат впечатлив, но пријатен ентериер. Перници во овие нијанси, керамички вазни и едноставна гарнитура можат да бидат доволни за да се постигне посакуваниот ефект.

5. Златножолта и огненоцрвена

За оние што сакаат похрабри решенија, спојот на топлата златножолта и интензивната црвена со портокалови тонови е вистински избор. Оваа комбинација внесува енергија и потсетува на ретроентериерите. Не е потребно да се бојат цели ѕидови – жолта ламба, украсни перници или впечатлив тепих можат да бидат доволни за да се разубави просторот.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Вирално

Сите →
media-library004ukt5faru44X03CHU

Запишете го датумот! Секој хороскопски знак има еден особено среќен ден во декември

пред 6 часа
media-librarydh1fmo6pnbot6DJaRA6

Ноемвриската супермесечина вечер ќе го осветли небото

пред 13 часа
media-libraryvlcu11o31d5n0ezYxr1

(Фото) Празнична магија во Њујорк – градот блеска во илјадници светилки

пред 13 часа
media-library8l49b08ete85elVhyK5 ВИДЕО

(Видео) Снегот го затрупа планинскиот дом во Јапонија: Вработените со лопати го расчистуваат влезот

пред 14 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања