Connect with us

#ФАЦИ

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ со нова песна го најавија следниот албум

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ го објавија првиот сингл од својот следен албум, кој треба да излезе во првата половина на 2022 година. Ова ќе биде вториот од трите албуми што ги најавија.

„‘Чиста околина‘ останува доследна на својата бескрајна музичка љубопитност и на новата песна ‘Врие Македонец‘ го спојува хип хоп изразот со семплови од Драган Ѓаконовски-Шпато, ‘Телонаука совршена‘, ‘Анастасија‘ и Алек Пејовски“, велат од издавачката куќа „Филтер лејбл“.

„Чиста околина“ во мај го објави Avant-garde fatiguée, нивниот прв албум по повеќе од 25 години пауза. Тој претходно беше најавен со сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Aктерот Жарко Димоски сведок на несреќата пред Сити мол: Слушнав крици кои нема да ги заборавам цел живот

Познатиот актер Жарко Димоски бил случаен сведок на трагичната несреќа која се случи синоќа, во која загина 24-годишна девојка од Радовиш, а нејзиниот дечко беше повреден. Тие беа удрени со „ПМВ цитроен“ од 22-годишно момче.

Тој се огласи на својот Фејсбук профил и напиша што видел синоќа:

„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира cмртта на девојката, слушав крици што нема да ги заборавам цел живот. Улиците се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме“, напиша актерот и упати сочувство кон семејството за загинатата.

За потсетување, во синоќешната несреќа беше прегазена пред Сити мол во Скопје била од Радовиш, а ја прегазил 22–годишен скопшјанец. Според МВР, несреќата се случила во 19:44 часот, а во неа исто така било повреден и нејзиниот дечко, кој е исто од Радовиш. По несреќата, веднаш бил пренесн во болницата ГОБ „8 Септември“.

Според пријавата, несреќата се случила на ул. Московска со бул. Партизански одреди во која „ПМВ цитроен“ управувано од Ј.Ѓ.(1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Видео) Јутјуберот Стефан Лазаров главна тема во „Задруга“ откако раперот Ша го обвини дека му ја украл девојката

Српскиот рапер Ша се врати во реалното шоу „Задруга“ и ја обвини неговата поранешна девојка Тара Симов дека го изневерила со македонскиот јутјубер Стефан Лазаров. Ова наводно се случило кога Тара и Ша биле во Скопје на роденденот на Лазаров. Раперот ја обвинил Тара дека среде роденден неа и Стефан ги снемало еден час и дека тие биле заедно во тоа време. Тара ги отрфли овие обвинувања, а Стефан сними влог на Јутјуб во кој објасни што точно се случувало.

„Ша ме обвини дека ја изневерив Марта со Тара. Лажно“, вели јутјуберот.

Стефан пред два дена добил повик од продукцијата на „Загруга“. Тие го поканиле на разговор во Белград.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

„Врба“ на Манчевски ќе го отвори Филмскиот фестивал во Кјото, Јапонија

Филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски на 22 јануари ќе го отвори 13. Филмски фестивал „Историка“ во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе биде дел од отворањето на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува во онлајн дискусијата со публиката.

Јапонскиот фестивал „Историка“ е уникатен во светот поради тоа што во фокусот се филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштето е во филмските компании „Тоеи“ и „Шошику“, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм ‘Врба’“.

Речиси две и пол години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот фестивал, „Врба“ продолжува со интензивно прикажување на фестивалите. Досега освои вкупно тринаесет награди, меѓу кои и за најдобра режија на „Реинденс“ во Лондон, најдобар филм на „Синеквест“ во Калифорнија, „Сребрена палма“ во Валенсија. Минатиот месец „Врба“ освои седум трофеи: три награди и четири почесни признанија. Филмот беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева ја доби наградата за најдобра споредна женска улога. Во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева беше добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ во Њујорк.

Манчевски наскоро ќе го промовира и неговиот седми филм „Кајмак“, кој се снимаше лани во Скопје и околината, е во постпродукција. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безобразна комедија и безмилосна критика на лицемерството и малограѓанштината, црна комедија или среќна трагедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Главните улоги ги играат Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: