Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

По елиминацијата од Норвешка, Нејмар објави крај на настапите за Бразил: „Се обидов, сега е готово“

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryiru82nrghd4lbinZ7ws
screenshot Youtube

Нејмар официјално стави крај на својата репрезентативна кариера по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, каде што „кариоките“ беа поразени од Норвешка со 2:1 во осминафиналето.

Бразил важеше за голем фаворит, но Норвежаните, предводени од Ерлинг Халанд, кој постигна два гола, приредија големо изненадување и го елиминираа петкратниот светски шампион. Со тоа, Бразил првпат по 1990 година не успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот.

Триесет и четиригодишниот Нејмар влезе во игра во второто полувреме и го постигна единствениот гол за Бразил од пенал во финишот на натпреварот.

По последниот судиски свиреж, емотивниот Нејмар потврди дека тоа бил неговиот последен настап во дресот на националниот тим.

„Се обидов. Навистина се обидов. Тука сè започна, на стадионот „МетЛајф“, и тука завршува. Сега е готово“, изјави Нејмар.

Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата на бразилската репрезентација и нејзин најдобар стрелец со 80 голови.

Селекторот Карло Анчелоти му даде уште една можност да настапи на Светското првенство, иако бројните повреди во изминатите години ја доведоа во прашање неговата улога во националниот тим.

Нејмар ја завршува репрезентативната кариера со настапи на четири Светски првенства, 15 одиграни мундијалски натпревари, девет постигнати голови, четири асистенции и вкупно 1.224 минути на теренот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 15 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 16 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања