Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

По приведувањето во Кавадарци, Аца Лукас повторно во центар на скандал: Му го откажаа концертот во Република Српска

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-librarygbl2nto0vcr1cHVhFlW

Концертот на српскиот пејач Аца Лукас, планиран за 12 декември во Олимпискиот центар Јахорина, е откажан поради фотографија на која се гледа во друштво со поранешниот командант на Армијата на РБиХ, Насер Ориќ. Организаторите соопштија дека снимката предизвикала „загриженост и вознемиреност“ кај јавноста во Република Српска, па затоа настапот е повлечен од програмата.

Фотографијата, која ја објави самиот Ориќ, веднаш предизвика бурни реакции, меѓу кои и од Милорад Додик, кој порача дека Лукас „длабоко го повредил српскиот народ“ и дека по ова „го губи кредибилитетот за било каков настап во Република Српска“.

Настанот уследи во период кога Лукас веќе беше дел од уште еден контроверзен наслов на Балканот. Пред само неколку недели, пејачот беше приведен во Македонија поради настап во скопски клуб без регулирана работна документација. По кратка постапка, на Лукас му беше изречена казна, а случајот доби широка медиумска покриеност. Лукас за ова обвинуваше македонски политичари од власта, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски. Потоа кажа дека повеќе нема да настапува во Македонија, за да по неколку дена се предомисли и посочи дека ќе дојде на концертот кој треба да го има во Скопје. Најново е дека парите од влезниците ќе бидат донирани за семејствата во Кочани.

Во најновиот скандал, Ориќ тврди дека Лукас ниту знаел кој е тој ниту имал лоша намера – фотографијата, вели, била направена на приватна прослава кај заеднички пријател. Ориќ нагласува дека е „честен војник, двапати ослободен од сите обвиненија“ и дека пејачот не заслужува линч во јавноста.

Лукас се огласи преку Инстаграм, наведувајќи дека никогаш не побарал поддршка од Додик, но дека тој лично барал од него.

„Луѓето не ги делам по националност, вера или боја на кожа. На моите фанови не барам лична карта за да знам кој како се вика“, порача тој, додавајќи дека никогаш не бил дел од војни, поделби или политички игри.

Откажаниот настап на Јахорина е најново поглавје во серијата контроверзии што го следат Лукас последниве недели, по приведувањето во Кавадарци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

spienje

Нова студија на речиси 100.000 луѓе откри важна врска меѓу РЕМ-сонот и здравјето

Вирално | пред 2 часа

media-libraryssn748b1npuf2gqdm8R

Jован Јованов и Елвир Мекиќ направија светско шоу во Штип - Пееја пред преполн стадион на Пастрмалијада

Сцена | пред 15 часа

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Apple подготвува голема промена: iPhone 18 Pro Max би можел да добие многу поголема батерија

Технологија | пред 1 ден

horoskop-kwiecien-screen

Овие 4 знаци не молат за внимание – кога ќе го нема, си заминуваат

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања