Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

По трет пат „Трчај бе во Битола

Медиасет.мк
пред 5 години
image1-3

Битола е подготвена за најголемиот спортски настан кој ја очекува на 12-ти септември, а тоа е третото издание на трката Трчај бе. Оваа трка за толку кратка историја од само три години, добива меѓународно значење. Битола е домаќин на Балканско првенство во полумаратон. Тоа значи врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на патеката долга 21км.

- Ќе биде и големо и масовно издание. Освен 5К и 10К трките, за прв пат ќе имаме и полумаратон, 21К кој ќе биде всушност Балканско првенство во полумаратон, кое го организираме во соработка со АФМ. Довербата која ни е дадена за организација  е голем комплимент за нас. Од тие причини ја очекуваме цела македонска и балканска тркачка елита, но и голем број рекреативци, истакна Никола Димитровски, директор на трката.

Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги дочека учесниците и гостите од 20-тина држави, кои во градот под Пелистер по трет пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува  и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, но и препознавањето на овој настан како компаниска тим билдинг активност, така што бројни компании со своите вработени одамна го испланирале овој викенд за Битола.

- Во Трчај бе, бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, додава Димитровски.

Оваа година,  во кампањата за трката беа вклучени и 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн на Monday Learning кои одговорија на предизвикот да го визуелизираат победоносното „јас“ на овогодинешното издание на ТРЧАЈ БЕ. Така, во градот осамнаа бројни постери инспирирани од кампањата • И ти си победник •

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysh2v5m62s5q0fzY0WdQ

Колку јајца смеете да јадете ако внимавате на холестеролот?

Вирално | пред 3 часа

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Вештачката интелигенција открива што гледате, но експертите предупредуваат на ризици за приватноста

Технологија | пред 5 часа

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 1 ден

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања