Connect with us

#ФАЦИ

Победата над леукемијата не ги избрша траумите од болничките кревети: Михаела Пехчевска која денес е дефектолог раскажа за борбата со ракот

Специјалниот едукатор и рехабилитатор Михаела Пехчевска (27) од Скопје, е една од оние кои успеале да ја победат леукемијата. Иако имала само четири години кога се соочила со оваа болест, сепак тоа не се брише од сеќавањата. Таа во интервју за „Репортер“, искрено ни раскажа за нејзината борба со рак на крвта.

„Иако бев многу мала, сепак поради таа фотомеморија или детска меморија каде што сеќавањата се остри и детални, сè уште се сеќавам на целиот тој процес, односно на борбата со оваа крволочна болест. Се сеќавам на дел од персоналот, на медицинските сестри кои дел од нив и сè уште работат таму, се сеќавам и на други деца со кои ја делев болничката соба“, ја започнува својата приказна Михаела.

Вели дека сè уште има трауми, иако поминале толку многу години. Сè уште се плаши од болници, од рутински контроли, боцкање за крвна анализа и слични прегледи. Најголема траума ѝ било тоа што кога се  лекувала била сама во болничката соба, без родителите, а медицинските сестри и биле сè. Но исто така многупати ја облева и стравот дека би можела болест да се повтори, а со тоа и целата голгота низ која поминала како дете.

Победата над болеста ја инспирирала да стане дефектолог, па средното образование го завршила во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, а пред година дена запишала магистерски студии во областа на специфични тешкотии во учењето.

„Мојата желба да станам специјален едукатор и рехабилитатор дојде затоа што како мала поминав низ еден трнлив пат, поминав една голгота низ која не би сакала никој ама баш никој да помине. Сакам да помогнам онаму каде што е најтешко. Но покрај ова, љубовта која ја имам кон сите деца имаше е најголемата причина што денес се занимавам со оваа работа“, искрена е Михаела.

Таа додава дека како стручно лице, потребно е да ги забележи сите отстапки во развојот на детето, иако секое дете си достигнува развојни милјеа, сепак кај сите скалите за проценка се слични како на пример кога детето треба да седне, прозбори или проооди.

„Дозволуваме отстапки од неколку месеци, но сепак доколку некое дете не ги постигнува овие развојни нивоа  на одредена возраст, треба да крене црвено знаменце. Во тој случај многу е важно родителите да прифатат дека нивното дете има некаков проблем, и да се консултираат со одредено стручно лице кое се занимава токму со таа проблематика. Само на тој начин ќе се стекне брз и успешен напредок. Но исто така, родителите не треба да се срамат и да не ја кријат состојбата на нивното дете, кога веќе се запознаени со неа“, вели  Михаела за „Репортер“.

Таа вели дека секое дете со себе носи и успешна приказна, па со самото доаѓање кај стручното лице и барањето помош преставува огромна победа. Но иако секоја проблематика има своја тежина, сепак за да реши потребна е упорност и истрајност. За неа не постои нешто што не може да се оствари, бидејќи како што таа вели, работи со љубов и дава сè од себе. А благодарноста од страна на родителите за неа преставува најголемиот подарок на светот.

Михаела контактира со родителите чии деца го победиле ракот, како и со две девојчиња кои исто така успеале да ја победат леукемијата.

„Порано одев многу често, ги посетував, им раскажував дека и јас исто како нив сум била, дека и мојата коса некои лоши човечиња ми ја изеле, ама затоа сега имам долга и убава коса. Поддршката е од клучно значење во тие моменти. Со едно девојче која имаше мојата дијагноза, се зближив за неполн половина час, се расплака по мене уште при самото запознавање. Тоа беше љубов на прв поголед. Подоцна нејзината мајка ми раскажа дека таа цела ноќ ме барала и плачела по мене, па се чудеше како е можно да се зближиме за толку кратко време“, раскажа Михаела.

Михаела додава дека кога и да им кажала на мајките дека и нивното дете ќе биде добро како неа, бидејќи и самата таа го поминала, тие добивале сила и надеж.

„Господ да го молев немаше ваква надеж да ми прати, беше реченицата на една мајка која низ солзи ми раскажуваше за своето дете, како дознале и низ сè што поминале. Секогаш им велам на родителите дека колку и да е тешко, не смеат да се откажат, бидејки тие се столбот на нивите деца, столбот на кој што децата се потпираат“, вели Михаела.

До сите онлоколошки пациенти, Михаела испраќа порака дека без разлика со што ќе се соочат низ животот, не треба да заборават дека секогаш на крајот од тунелот има светла точка.

Марија Прличкова

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Петар дојде на аудиција за вработување, а јас бев во жирито, си реков ’види што убав е дечково‘: Љубовната приказна на Емра Куртишова 

Македонската актерка Емра Кутришова неодамна се омажи со својот колега, актерот Петар Стојанов. По три години врска двојката реши да се венча, а свадбата беше во Гевгелија, од каде што е Петар. Емра вели дека имале преубава свадба за која сè уште се зборува. Конечно успеа да ги присобере впечатоците, па во разговор за Репортер ни ја откри и љубовната приказна со сопругот, но и како поминел подготовките околу свадбата. Зборуваме и за идните планови во однос на нејзината кариера.

По 7 јуни, еве уште се зборува за свадбата и баш тоа ми буди радост и ми дава до знаење дека навистина гостите заедно со мене и Петар си поминаа прекрасно“, ни открива актерката Куртишова. На прашањето како сега се чувствува во брак, вели: Искрено, не е ништо поразлично бидејќи ние веќе подолг период живееме заедно. Тоа е доказ дека таа хартија не менува ништо, единствено што на некој начин се официјализира врската. Така што сè си е како што било и до сега. Единствено што сменив, е што освен што го задржав моето презиме, го додадов и неговото, и секако се тоа со заеднички договор‘, ни откри Емра, која публиката ја засака како Исура, од хит-серијата „Преспав“.

Свадбата беше во Гевгелија. Немало многу гости, туку прославата била во најтесниот круг на семејството. Но како и секоја свадба, така и оваа поминала со малку драма.

„За нервозите околу свадбата ангажирани беа сите околу мене, јас бев многу опуштена. Не знам како ми успеа, но, навистина ништо не допираше до мене, едноставно сакав да ми е мирно во душата. Но, пак не беше сè подмачкано. Бидејќи дента патувавме од Скопје и секако чичко Марфи мораше да вмеша прсти, врвот беше дека јас и Петар доцневме на сопствената свадба, не многу долго. Па кога стигнавме наместо ние да ги пречекаме гостите, се случи обратно. Сега кога ќе се присетиме на тој момент ни делува како од некоја комедија, и навистина беше смешно“, вели Емра и додава: Најважно е дека сè помина во најдобар ред, беше убава мини свадба за паметење.

Атмосферата се вжешти кога Петар го зеде микрофонот и буквално не го остави … па, со оглед на тоа колку го крена расположението се пошегував и му предложив во слободно време да пее на свадби, на што ми одговори дека ќе размисли“, се шегува актерката. Таа ни откри и дека немале обичаи бидејќи свадбата ја правеле во работен ден. Сè почнало и завршило во ресторанот, вели актерката, и затоа што биле растоварени од сите обичаи, имале повеќе време за убава веселба.

Интересна е и нивната љубовна приказна, за која Емра првпат открива во разговорот за Репортер. “ Искрено да ти кажам, љубовта почна необично и неочекувано. Во 2018 имаше аудиција за вработување на нови актери во Театарот за деца и младинци. По некоја случајност јас бев дел од жирито и тогаш прв пат го видов Петар. Кога излезе на сцената, си помислив ’види што убав е дечково хаха‘. Морам да признаам дека му личеше сцената и имаше потенцијал за да се вработи и стане дел од театарот. Така и бидна“, искрена е актерката Куртишова-Стојанова и додава: Нашиот прв заеднички процес во театарот беше претставата „Едвард раце ножици“ каде почнаа првите љубовни искри, ама од негова страна, а јас ’се држев бев ’како незаинтересирана. Тој момент не траеше долго, не можев да му одолеам и се случи љубов. Почнавме да живееме заедно и сфативме дека добро ни оди, па решивме да се земеме“.

Заедничката работа во театарот, кога се и колеги и во љубовна врска, колку и да е добра, некогаш носи непријатни моменти, кавги. Па зборуваме и за тоа, на што актерката вели: „Реално тоа до сега се нема случено, но, не е чудо да се случи. Приватноста се остава на влезот пред театарот, наша задача е со полна концентрација да си ја одиграме претставата, а проблемот да се реши по завршувањето на истата. Јас и Петар сме различни во карактерите, ама сметам дека тоа е причината зошто сме заедно. Секако дека нè привлекуваат исти нешта и тоа го прави балансот во врската“, открива таа.

Емра во моментов е во Србија, каде подолг период работи на филм и серија. Но, засега, вели таа не смее да открива многу, бидејќи сè уште е рано. И оваа година зад себе имаа успешна работа во Театарот за деца и младинци. Ни откри дека на куклениот фестивал во Подгорица, со претставата „Палешка“ таа и нејзиниот колега Мартин Јорданоски добиле награда за партнерска игра. Потоа се случила претставата „Роња“ која сè уште ги добива сите главни награди од фестивалите. „Морам да признаам дека оваа претстава е една од поубавите во нашиот театар, и топло ја препорачувам на сите оние што не ја гледале.

Во моментов во театарот се работи „Франкенштајн“ и со нетрпение ја очекуваме премиерата“, раскажува таа. Публиката ја засака како Исаура, па ја прашаме дали мисли дека е време да ѝ се врати на телевизијата и дали ќе има нова сезона на хит-серијата?

“ Преспав ми фали веќе две години, и не само мене. Публиката си го кажа своето, серијата помина со огромен успех, а, за тоа се доказ бројните пораки кои ги добивам на Инстаграм. Секоја успешна приказна си има свое продолжение, па да се надеваме дека тоа ќе се случи и со Преспав, открива Емра.

Александра Георгиев

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Пандев го гледаше Елмас во Наполи

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев присуствуваше на натпреварот во Џенова, меѓу неговиот поранешен клуб и Наполи. Имаше можност да го гледа својот наследник во репрезентацијата, Елиф Елмас, кој не се прослави на овој натпревар.

Елмас успеа да добие жолт картон по само 13 секунди игра и со тоа да собори еден неславен рекорд во историјата на италијанскиот фудбал. Напаѓачот жестоко стартуваше над противничкиот играч Гудмундсон. За потсетување, натпреварот меѓу Џенова и Наполи заврши без победник 2:2.

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ патува во Велес

Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни, сите во нов аранжман од маестро Николче Мицевски, има цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации  за нивната земја и нејзиното наследство.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: