Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Почеток на нова ера: НАСА планира база на Месечината

Медиасет.мк
пред 7 месеци
media-library5p36cl7pr9198AyXw6g
NASA /prtscr

Мисијата „Артемис II“ успешно заврши со спектакуларно враќање на Земјата, означувајќи историски момент – прво човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век.

Четворицата астронаути – Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен – слетаа во Тихиот Океан по десетдневна мисија, по што беа извлечени со хеликоптери и префрлени на воениот брод „УСC Џон П. Мурта“.

Капсулата „Орион“ влезе во атмосферата со брзина од дури 33 пати поголема од брзината на звукот, повторувајќи подвиг виден последен пат во ерата на „Аполо“ мисиите.

Иако не слетаа на Месечината, астронаутите поставија нов рекорд – достигнаа оддалеченост од над 406.000 километри од Земјата, што е најдалечната точка до која стигнале луѓе досега.

Мисијата донесе и ретко видени сцени од вселената, меѓу кои погледи од далечната страна на Месечината, целосно затемнување на Сонцето и познатиот „изгрејсонце на Земјата“.

Особено значајно е што ова беше една од најразновидните мисии на НАСА – во екипажот имаше жена, како и прв афроамерикански и прв неамерикански астронаут во ваква мисија.

Овој успех се смета за клучен чекор кон следната фаза – слетување на Месечината во наредните две години и изградба на лунарна база во текот на оваа деценија.

„Ова е само почеток“, порачаа од НАСА, најавувајќи нова ера на човечко присуство надвор од Земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 7 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања