Connect with us

#ФАЦИ

Почина Димитар Узунски, легендата на Пијанечкото-народно творештво

Вчера почина народниот уметник, фолклористот Димитар Узунски на 83 години, откако ја изгуби битката со болестите. Веста ја соопшти секретарот на здружението ,,Копачка”, Перса Стојановска.

„Со неизмерна тага и болка соопшуваме дека нашиот драг претседател Димитар Узунски, ја загуби битката со болестите и нè напушти засекогаш. Неговото заминување несомнено ќе биде само телесно, додека неговиот дух ќе остане вечно да живее во неговите дела кои ќе сведочат за неговиот живот во кој се даде себеси со несебично, крајно одговорно, со целосна посветеност во негувањето, трансмисијата и одржливоста на пијанечкиот фолклор а пред сè на орото „Копачката”, рече Стојановска.

Во 2014 година, по неговата заслуга „Копачката“ беше прогласена за национално културно наследство со особено значење од исклучителен интерес, а воедно и беше впишано во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото на УНЕСКО.

Узунски е роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште, општина Делчево. Завршил Педагошка академија група музичко воспитување во Скопје. Преку 50 години ја водеше Фолкорната Група „Копачка“ од с. Драмче, со која имаше  бројни настапи во земјата и странство како пејач, организатор, инструменталист и играорец.

Кога го предаваше архивскиот материјал за негова национална и светска заштита во Министерството за култура, рече: „Ви го давам срцето”, додаде Стојановска.

Узунски како надворешен соработник на Институтот за фолклор до длабока старост се занимаваше со собирачка активност.

„За МТВ имаше учествувано во повеќе емисии, а за радио Скопје снимил 40 изворни пијанечки народни песни. За програмата на РТДелчево, за 12 години подготвил над 400 емисии, за серијата емисии „Од фолкорното богатство на нашето поднебје”. Објавил три монографии: „Разловци”; „Дедо Митко- ороводецот на Копачката” и „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО- мојот живот со Копачката”, додаде таа.

Меѓу наградите и признанијата кои Узунски ги има освоено: Награда за „Особено истакнат педагошки работник” во 1980; Гран при од ФИИП „Пеце Атанасовски” во 2011; Плакета за животно дело од Градоначалникот на општина Делчево, по повод „100-год град Делчево”; Државна награда за народен уметник „23-Октомври“ во 2014 год; „Најдобар културен работник на Источна Македонија”.

Од него се простија и остатокот од здружението.

„Нека ти е светол патот драг наш Претседателе, почивај во рајот, во мир. За секогаш ќе останеш во нашите срца на сите нас носителите на нематеријалното светско културно наследство орото „Копачката” и во знак на завет длабоко ти се поклонуваме и ти ја одаваме нашата последна почит“, исѕакнаа од ЗФГ ,,Копачка”.

Узунски беше погребан денеска во 10 часот на градските гробишта во село Тработивиште.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Скоро 700 илјади прегледи на македонското видео за Јуниор Евросонг: Децата од „Дајте музика“ меѓу фаворитите за победа

Видеото за песната Green Forces со која децата од „Дајте музика“, кои ќе ја преставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, има скоро 700 илјади прегледи откако пред две недели беше објавено на Јутјуб. Со развиорени знамиња, Кристина, Анастасија, Миха и Филип, им се заблагодарија на своите фанови за поддршката што ја добиваат.

Според коментарите од фановите од цела Европа, македонската песна и децата од „Дајте музика“ се меѓу омилените на годинашниот избор. Скоро сите пораки на јутјуб се со поддршка, а многумина пишуваат дека Green Forces е толку многу заразна и не можат да престанат да ја пеат, што ќе гласаат за неа и се надеваат дека Македонија ќе победи.

Музиката за Green Forces ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеото е на „Вертиго вижуалс“.

Јуниор Евросонг годинава ќе се одржи на 19 декември во Париз, Франција.

(Видео) Со песна за спас на планетата Земја децата од „Дајте музика“ ќе настапат на Јуниор Евросонг

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ со нова песна го најавија следниот албум

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ го објавија првиот сингл од својот следен албум, кој треба да излезе во првата половина на 2022 година. Ова ќе биде вториот од трите албуми што ги најавија.

„‘Чиста околина‘ останува доследна на својата бескрајна музичка љубопитност и на новата песна ‘Врие Македонец‘ го спојува хип хоп изразот со семплови од Драган Ѓаконовски-Шпато, ‘Телонаука совршена‘, ‘Анастасија‘ и Алек Пејовски“, велат од издавачката куќа „Филтер лејбл“.

„Чиста околина“ во мај го објави Avant-garde fatiguée, нивниот прв албум по повеќе од 25 години пауза. Тој претходно беше најавен со сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Времето лета Мања: Александар Митевски со емоции за роденденот на помалата ќерка

Пејачот и композитор, Александар Митевски, откри дека неговата помала ќерка Мања наполни 16 години. Тој на Фејсбук објави две постари слики со ќерка си, едната од нејзиниот 14. роденден, другата кога била помала.

„Мојата помала ќерка Мања денес 16. Времето лета“, напиша Митевски.

Освен Мара, Александар ја има и ќерката Ања. Таа во декември ќе полни 21 година.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: