Почина скопјанецот Ибрахим Хајрадиновиќ – Ибро кој се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“
На 60-годишна возраст во Скопје почина Ибрахим Хајрадиновиќ Ибро, кој оваа сезона се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“. Веста за неговата смрт за „Гранд онлајн“ ја потврдиле пријателите, кои рекле дека Ибро се борел како лав цела година по операцијата на панкреасот.
„Се бореше со сите сили до крај, но за жал не издржа“, рекле тие за „Гранд онлајн“.
Ибрахим минатата недела настапи во шоуто и тогаш кажа дека благодарение на оваа емисија повторно добил волја за живот и желба за пеење.
„Ибро е еден од победниците на овој серијал, а секој негов настап покажува дека тој е на вистинското место“, рече тогаш Саша Милошевиќ Маре. Таа недела во жирито беше и Сања Вучиќ од „Хурикејн“ која кажа дека е воодушевена од Ибро и дека ѝ се допаѓа како тој го доживува натпреварувањето.
Хајрадиновиќ е роден во Сјеница 1962 година. Во Скопје се преселил како дете, кога запишал гимназија, па поради нрего и целото семејство од Сјеница дошло во Скопје. Тука живеел целиот живот. Почнал да пее 1983 година, кога учествувал и победил на познатиот музички натпревар „Распеана есен“. Како награда, тој добил снимање песна, но наградата никогаш не ја искористил. Наместо на музиката, им се оддал на пороците, па почнал да се коцка.
„Ми предвидуваа успешна музичка кариера, се дружев и пеев со Муарем Сербезовски, ама коцката ме влечеше повеќе од пеењето. Никогаш не бев добар коцкар, губев многу. Секогаш кога ќе заработев пари, ги трошев на коцка“, рекол тој во шоуто.
Пред десет години се развел од сопругата со која имал три ќерки.
Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври
Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.
Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.
Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“
Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.
Ќе се пеат песните на Тоше Проески, Влатко Илиевски, Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.
Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии, а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се зборува и низ чаршијата.
Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.